Скачинци
село во Општина Градско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Скачинци — село во Општина Градско, централна Македонија. Денес нема жители.[2]
Remove ads
Географија и местоположба
Селото е сместено во областа Клепа, на десниот брег на реката Вардар, 20 км јужно од Велес во јужното подножје на врвот Куен.
Историја
Подрачјето на Скачинци е населено уште од доцната антика, за што сведочат археолошките наоѓалишта околу селото.[3]
Во XIX век Скачинци било македонско село во нахијата Клепа во Велешката каза на Отоманското Царство. Селската црква „Св. Троица“ е од 1870 г.[4] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Скачанци (Scatchantzi) било село со 48 домаќинства од 226 жители Македонци.[5][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Скаченци имало 500 жители, сите Македонци христијани.[5][7]
На почетокот на XX век жителите на селото потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Скачинци (Skatchintzi) имало 520 Македонци, сите под егзархијата.[5][8]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го посочува Скачанци (Skačanci) како македонско христијанско село.[5][9]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[10]
Remove ads
Стопанство
Скачинци е ридско село со полјоделско-сточарска функција. Преовладуваат пасиштата, а обработливото земјиште зафаќа значително помала површина.[11]
Население
Селото е речиси иселено некаде 1960-тите, за во 1971 година да останат само 4 лица. Во текот на 1970-тите селото било конечно напуштено, и во него се доселиле неколку албански семејства (26 лица). Во следната деценија од него се иселиле и тие жители, повторно сведувајќи се на 4 жители Албанци. Во 1990-тите сите тие го напуштиле селото, и во него се вратил еден жител Македонец.[12] Според пописот од 2002 година, Скачинци немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]
Родови
Скачинци било македонско село.
Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото биле:
- Староседелци: Ордевци со Чаушовци, Илевчевци, Маневци, Поп-Теовци и Мицековци (14 к.), Бошковци со Трајковци, Манасијовци, Стојановци и Бошковци (9 к.), Крстевци и Буревци (10 к.), Карафендоловци (10 к.), Таневци (3 к.), Марковци и Поповци (8 к.), Камчевци (6 к.), Пецевци (2 к.), Тодоровци (1 к.) и Геговци (2 к.)
- Доселеници: Петровци (1 к.) потекнувале од домазет доселен во 1919 година од Велес.[17]
Remove ads
Општествени установи
- Цркви
- Црква „Св. Троица“ од 1870 г.
- Црква „Вознесение Христово“ („Св. Спас“)
Самоуправа и политика
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2225 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Виничани. Во избирачкото место се опфатени населените места: Скачинци, Виничани, Грнчиште.[18]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 526 гласачи.[19]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта
Редовни настани
- Света Троица — селска слава
Личности
- Павел Арсов — духовник, селски свештеник од 1874 до 1908 г.
- Ангел Мишев — македонски револуционер и партизан, кој ја возобновил дејността на ВМРО во 1947 година, борец за Независна Македонија
- Сута Бочварова (р. 1864) - македонска револуционерка, жена на Јован Пеливанот[20]
Иселеништво
Селото е целосно иселено, а најголем број од населението е иселено во Велес. А иселеници имало и во Приштина (од родот Мицековци) и др.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads