Попадија
село во Општина Чашка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Попадија — село во Општина Чашка, во околината на градот Велес.
Remove ads
Географија и местоположба
Попадија — село во областа Раец[2], денес административно под Општина Чашка. Селото е оддалечено 30км јужно од градот Велес. Соседни села на селото Попадија се: Крајници од север, Фариш и Никодин од југ, Мрзен Ораовец од исток, Смиловци од запад.
Историја
Во XIX век селото било дел од Велешката каза (нахија Азот) во Отоманското Царство.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Попадија живееле 550 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Попадија имало 640 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови
Попадија било македонско село.
Според истражувањата од почетокот на 1920-тите, родови во селото:
- Староседелци: Заровци (23 к.) се делат на Кралевци, Мутевци, Чонинци, Прдловци, Златковци и Деловци, и Малиновци (45 к.) се делат на Јарнановци, Јанковци, Ѓоревци, Тренчевци, Ѓорговци, Мурџевци, Трипуновци, Узуновци, Голевци и Бошковци. овие два рода се староседелски, порано живееле во некои сега раселени села во атарот на селото Попадија;
- Доселеници: Бежановци (26 к.) се делат на Јосифовци, Мартиновци, Ѓурлевци, Ковевци, Салвантевци и Пузевци. доселени се од некое село кај Солун (солунско) во Егејска Македонија; Оморанци (2 к.) доселени се од селото Оморани средината на XIX век; Силотијовци (1 к.) доселени се од селото Јасеново во 1860 година.[10]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
- Велко Попадиски — велешки војвода
- Цана Видоевска — учесник во НОВ на Македонија
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads