Велосипедизам на Летните олимписки игри 2016 - хронометар за жени
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Поединечниот хронометар за жени бил една од осумнаесетте велосипедски дисциплини на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро. Трката започнала и завршила на 10 август на Понтал, мал полуостров во западниот дел на Рио. Трката била освоена од Кристин Армстронг од САД.

Remove ads
Фаворити пред трката
Американката Кристин Армстронг била бранител на титулата. Светска првенка по Летните олимписки игри 2012 биле Елен ван Дејк (2013), Германката Лиза Бренауер (2014) и Новозеланѓанката Линда Вилумсен (2015).
Патека
Патеката за женскиот хронометар изнесувала еден круг околу полуостровот Понтал во должина од 29,8 километри. Почетокот и крајот на трката на патеката бил плоштадот Тим Маја, потоа продолжувал кон кругот Понтал (надесно) стигнувајќи до првото искачување по 9,7 километри и второто искачување на 19,2 километри.[1]
Учесници и резултати
Следниве 18 национални олимписки комитети (НОК) имале свои учесници со вкупно 25 возачи на хронометарската трка за жени. Следниве возачи биле потврдени од нивните соодветни НОК.[2]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads