Велосипедизам на Летните олимписки игри 2016 - друмска трка за мажи

From Wikipedia, the free encyclopedia

Велосипедизам на Летните олимписки игри 2016 - друмска трка за мажи
Remove ads

Друмската трка за мажи била една од осумнаесетте велосипедски дисциплини на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро, која започнала и завршила на 6 август на тврдината Копакабана. Трката била освоена од Грег ван Авермат од Белгија.

Thumb
Поглед на тврдината Копакабана
Повеќе информации Друмски велосипедизам, Велодромски велосипедизам ...
Remove ads

Фаворити пред трката

Поради напорната патека, за медалот се очекувало да се борат оние велосипедисти со вештини при искачувањата и спуштањата. Иако, општиот список на фаворити за трката бил Крис Фрум, Алехандро Валверде, Винченцо Нибали, Михал Квјатковски, Руј Кошта и Ромен Барде,[1] многу очекувале дека Крис Фрум може да има помош од некои од неговите колеги во Тим Скај и предноста од тоа да стори нешто историски: ако го освоил златото ќе биде првиот човек кој некогаш го освоил Тур де Франс и олимписката друмска трка во иста година.[2]

Remove ads

Патека

Патеката за друмската трка за мажи била долга 241,6 километри. Започнала од тврдината Копакбана,[3] главната група подоцна се движела на запад низ Ипанема, Бара да Тижука и Резерва де Марапенди покрај крајбрежјето, стигнувајќи до кругот од 24,8 километри на Понтал.[4] По четири круга на Понтал, патеката се враќала на исток на истиот крајбрежен пат до кругот кај Виста Кинеза, каде имало три круга, пред да се врати пак на тврдината Копакабана.[5]

Карти од патеката на олимписката друмска трка
Thumb
Патеката на олимписката друмска трка за мажи: 241,5 километри
Thumb
Кругот кај Понтал во должина од 24,8 километри
Thumb
Кругот кај Виста Кинеза во должина од 25,7 километри
Remove ads

Учесници

Следниве национални олимписки комитети (НОК) имале квалификувано велосипедисти за настап на друмската трка. Следниве возачи биле потврдени од нивните соодветни НОК.

Повеќе информации Возач, Држава ...
Remove ads

Резултат

Повеќе информации Место, Возач ...
Над временското ограничување (НВО)
Според правилата на UCI за еднодневни трки, „секој велосипедист кој ќе заврши со време поголемо од она на победникот за повеќе од 5%, не треба да биде пласиран“.[8]
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads