Венетик
река во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Венетик (грчки: Βενέτικος, Венетикос) — река во Егејска Македонија, десна притока на Бистрица.
Извира од планината Смолика над с. Авдела, Гребенско и тече на исток. Ја образува впечатливата клисура Портица, па на крај се влева во Бистрица кај с. Раци, Гребенско. Реката е погодна за сплаварење и кајакарење.[1][2]
Remove ads
Мостови
Реката е позната по своите стари турски камени мостови. Во минатото имала 19 моста, од кои највеќето се зачувани.[3] Најпознати се Азизагиниот мост кај с. Залово и Портичкиот мост кај с. Спилио. Азизагиниот е најголемиот грбав мост во Македонија и втор во денешна Грција, по оној кај Плака на р. Арахтос, Епир. Изграден е во 1727 г. по нарачка на Азиз-ага.[4] Портичкиот мост се наоѓа на влезот на истоимената клисура. Изграден е во 1743 г. и долг е 13 метри.[5]
Remove ads
Галерија
- Венетик матен
- Венетик зиме
- Венетик кај с. Месолово
- Водопад кај с. Месолово
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads