Спилио
село во Гребенско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Спилио или Спиљо (грчки: Σπήλαιο, Спилео) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 187 жители (2011).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото е оддалечено околу 25 км југозападно од градот Гребен, на источните падини на планината Пинд, во близина на реката Венетик, на нејзината лева страна, на надморска височина од 900 м.[2] Во непосредна близина на селото е сместен Портички мост.
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX век Спилио било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Спилио живееле 409 Грци.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Спилеон се води како чисто грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 79 куќи.[4]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Спилио живееле 600 Грци христијани.[5]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 717 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 657.[2]
Remove ads
Стопанство
Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи. Населението делумно се занимава и со сточарството.[2]
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Во 1918 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 33 квадратни километри. Општината Спилио била приклучена во општината Теодорос Зјакас во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Гребен.
Селото припаѓа на општинската единица Теодорос Зјакас со седиште во селото Мавран, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Спилио, во кој е единствено село.
Remove ads
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта
- Спилиска тврдина — крепост од античко и византиско време
Мостови
- Љатички мост — стар мост кај селото, прогласен за споменик на културата
- Портички мост — стар мост кај селото, прогласен за споменик на културата
Цркви
- Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква, изградена во 1804 година;
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — изградена во 1633 година, поранешна манастирска црква.
Remove ads
Личности
Родени во Спилио
- Адамантос Манос (1862 - 1908) — грчки андартски капетан
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads