Венец

From Wikipedia, the free encyclopedia

Венец
Remove ads

Венец претставува невестински или олимписки украс за на глава, изработен од цвеќе, лоза, здравец, босилек, бршлен, шимшир или од некое друго зимзелено растение. Се одликувал со магиска заштитна функција. Венец исто така може да биде обесен на врата како украс.

Thumb
Полагање на венци на Советските војници во Белград во 2009.

Во некои македонски пределски целини како Скопска Црна Гора и Бојмија се одликувал со посложена структура, украсен со метален накит (тепелак, тепелачиња и пиришани) врз основа направена од кора од црешово дрво во форма на цилиндар и покриен со бела марама со реси, така што имал форма на капа или круг[1].

Remove ads

Венец-капа

Венец-капа е невестинско покривало за глава, кое се јавува во народната носија на сите етнографски целини во Македонија. Во минатото невестите носеле венци (мали или големи) кои со текот на времето и со додавање на разновидни украси се развиле во невестински капи.

Поради нивната раскошна украсеност се издвојуваат примероците од Скопска Црна Гора, Скопска Блатија, Кумановско, Горна Бојмија – Гевгелиско, од Мегленските Власи, Мариово и Власите во Овче Поле. Нивната изработка најчесто била доверена на умешни жени од селата, кои на домашно изработени ткаеници пришивале или закачувале метален накит (како тепелаци, игли, сачбои, минѓуши, фунди, корони, минѓушници), монистра, растенија (природни) како босилек и бршлен, вештачки и природни цветови, паунови и други пердуви и разни додатоци. Благодарение на овие украси, невестинските капи претставувале вистинска ризница од декоративни елементи и детали. Секоја етничка заедница или област создавала свој специфичен вид капа, обликуван според локалната носија и естетика. Обилното китење со накит и цвеќе, се среќавало кај сите вакви покривала, што им давало впечатлива и естетска вредност. Уште една заедничка карактеристика за сите невестински капи претставува прикаченото бело или црвено платно што паѓало слободно по грбот. За време на свадбата, лицето на невестата се покривало со дувак – тенка, проѕирна ткаенина од памук или свила, најчесто во црвена боја. Капата се носела и по венчавањето, обично четириесет дена или додека не остане трудна, а според некои обичаи и до една година, но само за големи празници како Божиќ, Велигден или Прочка.[2]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Извор

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads