Венци

From Wikipedia, the free encyclopedia

Венци
Remove ads

Венци — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција. Според пописот од 2011 година во селото живеат 102 жители.

Кратки факти Венци Κέντρο, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 4 км југоисточно од градот Гребен.

Историја

Под владение на Османлиското Царство

Кон крајот на XIX век Венци е центар на истоимената нахија Венци во Кожанската каза на Османлиското Царство. Покрај селото се наоѓа познатиот Венцишки пазар, еден од најголемите во југозападна Македонија.[2] Во тој период во Венци живее муслиманско гркојазично население. Според статистиката на Васил К’нчов во 1900 година во Венци живеат 150 валахади (гркојазични муслимани) и 207 Грци христијани. Во специјална забелешка се забележува и присуството на „одреден број на погрчени Власи“[3] Според записите на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година во Венци (Ventzi) има 205 Грци.[4] Според грчкиот конзулат во Еласона во 1904 година Βέντσια е целосно муслиманско село со 300 валахади.[5] Ова е потврдено и од грчката атинска статистика од 1910 година, според која Βέντσια има население од 170 муслимани.[6]

Грчка окупација

Во текот на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки војски и по Втората балканска војна во 1913 година селото влегува во составот на Кралството Грција.

Според сведоштвата од 1920 година Венци е целосно муслиманско валахадско село со 29 семејства и 260 жители.[7]

Во средината на 1920-те години според Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција и на негово место се доселени Понтски грци кои пребегнале од Турција. Во 1928 година селиото е претставено како бегалско со 39 семејства и 122 жители.[8]

Во 1927 година името на селото е сменето во Кендро, што во превод значи центар.

Remove ads

Стопанство

Населението во селото се занимава со производство и делумно со сточарство

Демографија

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads