Венче Николоски
македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Венче Л. Николоски ( 1925 во Локвица — 10 октомври 1944 во Вратница, Тетовско) — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија.[1]
Животопис
Бил роден во 1925 година во селото Локвица, Порече. По занимање бил земјоделец. Кон НОВ, тој се приклучил доброволно во Првата македонско-косовска бригада во 1944 година. Учествувал во повеќе борби, особено во расчистувањето на теренот од балистите во кичевскиот крај. Во една борба против балистите, тој загинал во селото Вратница, на 10 октомври 1944 година.[1]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
