10 октомври
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
10 октомври — 283-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (284-и во престапна година). Остануваат 82 денови до крајот на годината. Предлошка:Октомври 2025
Настани:
| 1582 | Поради воведувањето на грегоријанскиот календар во оваа година, овој ден не постоел во Италија, Полска, Португалија и Шпанија. |
| 1631 | Саконската војска ја зазема Прага. |
| 1889 | Формиран колеџот Бернард. |
| 1944 | Во селото Жегљане, Кумановско, е формирана Кумановската дивизија, во чиј состав влегле XVI, XVII и XVIII македонска НО бригада. Имаше околу 5.500 борци. |
| 1946 | Во Скопје, во црквата „Св. Спас“, со сите државни почести и пред повеќе илјади граѓани од цела Македонија, беа положени моштите на истакнатиот македонски револуционер и идеолог Гоце Делчев, кои два дена порано македонската делегација ги донесе од Софија. |
| 1967 | Во Скопје, на свечената седница на Собранието на СР Македонија, е извршено свечено отворање на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). |
| 1991 | Предадено е во употреба студиото на ТВ Прилеп. |
| 1993 | Андреас Папандреу победи на претседателските избори во Грција. |
Родени:
| 1813 | Џузепе Верди — италијански композитор (п. 1901). |
| 1892 | Иво Андриќ — српски писател. |
| 1901 | Алберто Џакомети — италијански вајар и сликар. |
| 1904 | Сотир Ставридис — македонски хирург и уролог, прв асистент во Хируршката клиника во Скопје. |
| 1913 | Клод Симон — француски писател. |
| 1917 | Телониус Монк — американски џез-музичар. |
| 1923 | Николас Парсонс — англиски глумец. |
| 1930 | Харолд Пинтер — англиски драматург - добитник на Нобеловата награда за литература. |
| 1946 | Наото Кан — јапонски политичар. |
| 1953 | Бисерка Вишниќ — југословенска ракометарка. |
| 1953 | Миџ Јур — шкотски поп-музичар. |
| 1963 | Драган Бјелогрлиќ — српски глумец. |
| 1966 | Тони Адамс — англиски фудбалер. |
| 1969 | Илија Зимбо — македонски музичар, прв флејтист во оркестарот на Македонската опера и балет. |
| 1974 | Хулио Круз — аргентински фудбалер. |
| 1983 | Никос Спиропулос — грчки фудбалер. |
| 1983 | Џек Саворети — англиски поп-музичар. |
| 1985 | Антонио Пједра — шпански велосипедист. |
| 1986 | Пјер Ролан — француски велосипедист. |
| 1991 | Џердан Шаќири — швајцарски фудбалер. |
| 2000 | Феликс Енмеча — германски фудбалер. |
Починале:
| 426 | Атик — Цариградски патријарх. |
| 1359 | Хуго IV — крал на Кипар. |
| 1636 | Питер Бројгел Помладиот — фламански сликар. |
| 1674 | Томас Трахерн — англиски поет. |
| 1837 | Шарл Фурје — француски филозоф. |
| 1930 | Адолф Енглер — германски ботаничар. |
| 1973 | Лудвиг фон Мизес — австриско-американски економист. |
| 1976 | Силвана Арменулиќ — југословенска фолк-пејачка. |
| 1983 | Ралф Ричардсон — англиски глумец. |
| 1985 | Јул Бринер — американски глумец. |
| 1985 | Орсон Велс — американски глумец и режисер. |
| 2004 | Кристофер Рив — американски глумец. |
| 2014 | Валери Карпов — руски и советски хокеар. |
| 2025 | Џон Лоџ — англиски рок-музичар, член на групата The Moody Blues. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads