Вера Илиева
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вера Андова Илиева (15 декември 1918 во Велес — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица од 1941 година.[1]
Животопис

Таа била монополска работничка. Учествувала во напредното работничко движење од 1938 година. При крајот на 1942 година станала член на КПЈ. Собирала и пренесувала оружје. Опфаќала симпатизери и раководела со две воспитни групи. Koн крајот на 1941 година станала член на Месното поверенство на КПЈ и била задолжена да работи на секторот жени. Како член на Комитетот вршела и курирски задачи. Во мај 1942 година по одлука на Окружниот комитет во Велес била испратена на работа во Скопје. Тука била поставена за курир на ПК КПЈ на која должност останала до февруари 1943 година. Во јуни 1943 година била затворена од бугарската полиција и осудена на 15 години строг затвор. Во затворот останала до капитулацијата на Бугарија. По излегувањето од затвор стапила како борец во бригадата „Гоце Делчев“. Носител е на Партизанска споменица 1941 и повеќе одликувања.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads