Вера Николова
македонска писателка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вера Николова родена Јанковиќ (Скопје, 16 декември 1922 – Белград, 21 јануари 2003 ) — професорка и писателка на проза и поезија за деца.
Животопис
Родена е на 16 декември 1922 година во Скопјe, од татко Петар Јанковиќ, градежен инженер, и мајка Јелена, родена Захо. Вера имала влашко потекло по нејзината мајка Јелена, чиј татко бил Периклес Захо, трговец со железарија од Белград. Сестрата на Периклес, Ленка, била мажена за Лазар Пачу.
Кога имала три години нејзините родители се развеле, и таа се преселила во Белград да живее со мајка си. Во Белград завршила основно училиште. Вишите одделенија од гимназијата ги учела во Виена, а кога Хитлер влегол во Австрија, се преселила во Скопје, каде што матурирала во 1941 година. Писмениот дел од матурата го полагала во Ниш во 1941 година, а како одлична ученичка била ослободена од усниот дел. Во текот на Втората светска војна, се омажила за инженерот Панајот (Марко) Николов (1911-1982).
Веднаш по војната, од 1946 до 1950 година, студирала и дипломирала француски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје во 1950 година. Зборувала француски, германски, македонски, а се служела и со италијанскиот јазик.
Remove ads
Стручна работа
По завршувањето на студиите, предавала во Средното економско училиште во Скопјe, за кое го напишала учебникот „Трговска кореспонденција“. Во учебната 1953/54 година, се запишала на докторски студии во Париз на Сорбона како државна стипендистка. Откако нејзиното семејство се преселило во Белград, во 1958 година, работела на неколку работни места и се пензионирала како советник во Сојузната стопанска комора на Југославија. Починала на 21 јануари 2003 година.
Remove ads
Библиографија
Авторка на голем број детски книги на македонски јазик, а една од тие книги, „Феликс“, била вклучена во редовната лектира за основните училишта во Македонија, а во 2020 имала обновено издание.[1] Како македонска писателка, била вклучена во Енциклопедијата на југословенски писатели. До својата смрт, пишувала проза и поезија за деца, кои ги објавувала под псевдоним во дневни весници и списанија.
Зад себе оставила две ќерки: Билјана Симиќ, родена во 1944 година, дипломирана инженерка по технолошко инженерство, и Маја Николова, магистер по науки, родена во 1955 година, музејски советник. До крајот на својот живот, таа пишувала и им раскажувала приказни на своите внуци. Некои од овие приказни ги снимила и на аудио-касети, на кои оставила запис за настаните во семејството Захо, кое во втората половина на 19-тиот и првите десетлетија на 20-тиот век се одликувало со своите напредни ставови.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads