Вестминстер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
За други значења на поимот, погл. Вестминстер (појаснување).
Вестминстер (анг. Westminster) — реон во централниот дел на Лондон, Англија, кој се наоѓа во рамките на Град Вестминстер. Тука се наоѓа Вестминстерската палата како и Британскиот парламент.
Вестминстер се наоѓа југозападно од Сити и 0,8 км југозападно од Черинг Крос.
Remove ads
Историја
Историски името на местото се користело за околината на Вестминстерската опатија – Западниот Минстер (манастирска црква), по која овој регион го добил името – која е седиште на властите на Англија веќе илјада години. Името се користи и за поголемиот Град Вестминстер во кој од 1965 спаѓаат и некогашните околии Св. Мерилебон и Падингтон.
Историската срцевина на Вестминстер е некогашниот остров Торни на кој е изградена опатијата. Таа станала традиционалното место за крунисување на кралевите на Англија. Соседната Вестминстерска палата станала главната кралска резиденција по норманските освојувања на Англија во 1066, а потоа била и дом на Парламентот и судовите во развој. Иако монархот има силно присуство во Град Лондон во облик на Лондонската кула, тој впрочем не живеел таму (заради нечистата и нездрава околина). Така Лондон добил две засебни средишта – стопанско во Град Лондон и политичко/културно во Вестминстер, каде бил кралскиот двор. Оваа поделба е мошне очигледна и денес.
Подоцна монархијата се преселила во дворци по другите делови на градот, а судовите Кралските Судови, близу границата со Град Лондон. Овој реон и денес е административен центар, со Парламентот во Вестминстерската палата, а реиси сите други владини институции во и околу Вајтхол. Така, зборот „Вестминстер“ се користи како кратенка за Парламентот и политичката заедница на Обединетото Кралство. Како резултат на тоа, зборот се користи и за таканаречениот Вестминстерски модел на парламентарно демократско управување кој се развбил тука. Овој модел е прифатен од разни земји, особено оние од Комонвелтот и други земји во состав на некогашната Британска Империја.
Remove ads
Надворешни врски
- Прошетки низ Вестминстер - водич од книга Архивирано на 22 февруари 2006 г. (англиски)
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads