Вестминстер (град)
округ и град во Лондон From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Град Вестминстер (англ. City of Westminster) е околија (borough) во Лондон, Англија со статус на град. Се наоѓа западно од Сити и северно од реката Темза, и обликува дел од Потесен Лондон и најголем дел од лондонското централно подрачје.
Во градот спаѓа речиси сет лондонски Западен Крај и седиштето на владата на Обединетото Кралство, со Вестминстерската палата, Бакингемска палата, Вајтхол и Кралските Судови.
Во 1965 оваа околија била создадена од некогашниот региони Метрополска околија Св. Мерилебон, Метрополитенска околија Падингтон и помалиот Град Вестминстер. Покрива многу поголем простор од првичниот Вестминстер.
Remove ads
Демографија
Околијата брои 198,779 жители, но некои проценки велат 220,000. 73% од населението е бело, 4% црни Африканци 3% индици. 35% од домаќинствата го поседуваат станот во кои живеат.
Политика
Градот се дели на 20 кварта.Советот е составен од 48 Конзервативци и 12 Лабуристи.
Окрузи
Градот Вестминбстер ги покрива следниве окрузи сосема или делумно:
- Бејзвотер
- Белгравија
- Вестборн Грин
- Вестминстер
- Западен Крај
- Ковент Гарден
- Краличин парк
- Лисонов забел
- Мајданска долина
- Мејфер
- Мерилебон
- Милбенк
- Најтсбриџ
- Падингтон
- Пимлико
- Сент Џејмсес
- Сент Џонс Вуд
- Сохо, со Кинеската четврт
- „Тиатерленд“
- Фицровија
- Хајд Парк
- Холборн
Знаменитости

- Видете Список на туристички атракции во Град Вестминстер
Во Вестминстер се наоѓаат многу од лондонските атракции. Некои од нив се Бакингемската палата, Вестминстерската палата (Домови на Парламентот) и Големиот Бен и блиската Вестминстерска опатија.
Паркови и отворени места
- Видете Вестминстерски паркови и отворени места
Овие се Грин Парк, Хајд Парк, Кензингтонски градини, Регентов Парк и Сент Џејмсес Парк,

Remove ads
Сообраќај
Мостови
Овие се Челзиски мост, Катедрален мост, Хангерфордски мост, Гросвенорски мост, Ламбетски мост, Воксалски мост, Ватерлуски мост и Вестминстерски мост.
Главни железнички станици
Овие се Черинг Крос, Мерилебон, Падингтон и Викторија.
Лондонско метро
Градот Весминстер го опслужуваат 27 метро станици, и 10 од 12 подземни линии (Источнолондонската линија и Ватерлу и Сити се исклучоци).
Универзитети
- Капусот на Стренд на Кралевиот колеџ.
- Лондонска бизнис школа сместена во Регент Парк.
- Лондонска економска школа сместена во Алдвич.
- Кралска музичка академија сместена во Мерилебон Роуд.
- Вестминстерски универзитет сместен на три кампуса во околијата.
Галерија
- The Шафтесбуровиот споменик на Пикадили Циркус
- Хангерфордските мостови, поглед од север
- Езерото во Сент Џејмсес Парк, поглед источно, со Лондонското Око во позадината
- Св. Мартин во Полињата
- Кинеската четврт
Поврзано
- Вестминстер
- Лондонско метро
- Река Темза
- Река Вестборн
- Западен лондонски крај
Надворешни врски
- Град Вестминстер (англиски)
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads