Ветка Црква (Прдејци)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ветка Црква — археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Прдејци. Претставува сакрален објект од римско време.
Наоѓалиштето е прогласено за културно наследство на Македонија. Наодите се чуваат во Музејот во Гевгелија.
Remove ads
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на североисточната периферија на селото Прдејци, во непосредната близина на пругата Скопје-Гевгелија.
Историја
Било прогласено за културно наследство на Македонија со решение од 30 декември 2003 година од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.[1]
Опис
На него се среќаваат грамади од градежен камен и фрагменти од мермерна архитектонска пластика со различна профилација. Тука е најдено и мермерно торзо со претстава на облечена машка фигура во природна големина.[2]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads