Прдејци
село во Општина Гевгелија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Прдејци — село во Општина Гевгелија, во областа Бојмија, во околината на градот Гевгелија.
Remove ads
Географија и местоположба
Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во источниот дел на територијата на Општина Гевгелија, од десната страна на реката Вардар. Се наоѓа на стариот локален пат кој води од градот Гевгелија до селото Миравци.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 65 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено осум километри.[2]
Историја

Местото е населено уште од бакарното време, за што сведочи наоѓалиштето Бистерна недалеку од селото.[3]
Српските власти го прекрстиле селото во Степаново.[4]
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]
Стопанство
Атарот зафаќа површина од 18,3 км2. На него обработливото земјиште заземе површина од 568 хектари, на пасиштата отпаѓаат 559 хектари, а на шумите 386 хектари.[2]
Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Прдејци имало 750 жители, од кои 150 Македонци и 600 Турци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Прдејци имало 184 жители.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци и 50 Турци.[8]
Прдејци е средно село по големина, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 500 жители, а во 1994 година 538 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Прдејци имало 514 жители, од кои 510 Македонци, 2 Срби и 2 останати.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 462 жители, од кои 452 Македонци, 5 Турци и 5 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Remove ads
Општествени установи
- Основно училиште „Ристо Шуклев“, подрачно училиште до V одделение во состав на ОУ „Ристо Шуклев“ - Негорци.[15]
- Амбуланта
- ЖС „Прдејци“ — железничка станица на линијата Скопје-Гевгелија
Самоуправа и политика
Во XIX век, Прдејци било село во рамките на Гевгелиската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.
Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Негорци, во која влегувале селата Кованец, Негорци, Прдејци и Смоквица.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната општина Негорци, во која покрај селото Прдејци се наоѓале и селата Кованец, Негорци, Серменин и Смоквица.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0356 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 399 гласачи.[17]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[3]
- Бистерна — населба од бакарно и римско време, прогласена за културно наследство на Македонија
- Ветка Црква — сакрален објект од римско време, прогласен за културно наследство на Македонија
- Колник — базилика од старохристијанско време
- Цркви[18]
- Црква „Св. Петка” — главна селска црква
- Реки[19]
- Кованска Река — десна притока на Вардар, се влева во нејзе во близина на селото
Remove ads
Култура и спорт
Во селото работи културноуметничкото друштво „Браќа Толеви“, кое активно учествува во повеќе фестивали.
Галерија
- Патоказ за селото
- Улица во селото
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads