Вилис Лем
американски физичар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вилис Јуџин Лем Џуниор (англиски: Willis Eugene Lamb, Jr. 12 јули 1913 — 15 мај 2008 ) — американски физичар кој на освоил Нобеловата награда за физика во 1955 заедно со Поликарп Куш „за нивните откритија во врска со фината структура на водородниот спектар“. Лем и Куш успеале прецизно да определат одредени електромагнетни својства на електронот (види Лемова промена). Лем бил професор на колеџот за оптички науки во Аризонскиот универзитет.
Remove ads
Животопис
Лем е роден во Лос Анџелес, Калифорнија, САД и го посетувал Средното училиште на Лос Анџелес. Уште одма примен во 1930, станал дипломиран научник по хемија во Калифорнискиот универзитет во 1934. За теоретската работа околу расејување на неутроните од кристал, помаган од Ј. Роберт Опенхајмер, се здобил со признанието „доктор по филозофија“ за физика во 1938.[1] Поради ограничени методи на пресметување во тоа време, со ова истражување не успеал да го открие Месбауеровиот ефект, 19 години подоцна бил откриен од страна на Месбауер.[2] Исто така работел и на јадрената теорија, ласерска физика и потврдување на теоријата за квантната механика.
Лем бил професор по физика во Оксфордскиот универзитет од 1956 до 1962, и исто така предавал во Јеилскиот универзитет, Колумбискиот универзитет, Стенфордскиот универзитет и Аризонскиот универзитет. Бил избран за соработник со Американската академија за уметност и наука во 1963.[3]
Лем се памети како „надарен експерименталист и теоретичар, на најдобрата Њутнова традиција“[4] и се смета за „редок теоретичар што станал експерименталист“[5] Во подоцнежниот дел од неговата кариера посветил големо внимание на полето на квантното мерење.[4]
Remove ads
Личен живот
Лем се оженил со Урсула Шефер, германски студент, во 1939. По нејзината смрт се оженил со физичарката Бруриjа Кауфман во 1996, а подоцна се развеле. Во 2008 се оженил со Елси Вотсон. Лем починал на 15 мај 2008 на 94 годишна возраст.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads