15 мај
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Предлошка:Мај 2025 15 мај — 135-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (136-и во престапна година). Остануваат 230 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1848 | Во Париз, работниците го распуштиле уставотворното собрание и формирале револуционерна влада. | 
| 1926 | Во Загреб проработи првата среднобранова радиостаница на Балканот. | 
| 1943 | Во Москва, по иницијатива на Сталин, била распуштена Комунистичката интернационала (Коминтерната). | 
| 1945 | Во Југославија завршиле вооружените дејства во Втората светска војна. | 
| 1957 | Велика Британија ја изврши првата термојадрена проба во централниот Тихи Океан. | 
| 1988 | По осум години војна, Советската армија го започна своето повлекување од Авганистан. | 
| 1992 | Во Перт, Австралија, отворен е првиот Македонски информативен центар надвор од границите на Република Македонија. | 
| 1992 | Бил нападнат воен конвој на ЈНА во Тузла, Босна и Херцеговина при што биле убиени 49 војници. | 
| 1995 | Кај селото Богомила, велешко, е предадена во употреба првата електроцентрала на реката Бабуна. | 
| 2012 | Франсоа Оланд станува претседател на Франција. | 
Родени:
| 1567 | Клаудио Монтеверди — италијански композитор на преодот од ренесансата кон барокот. | 
| 1848 | Виктор Васнецов — истакнат руски сликар од фолклористичкиот и националромантичарски правец. | 
| 1859 | Пјер Кири — француски физичар и хемичар. | 
| 1862 | Артур Шницлер — австриски писател и доктор. | 
| 1864 | Ватрослав Облак — словенечки и австриски лингвист, славист и македонист. | 
| 1864 | Димитар Матов — македонски фолклорист и етнограф. | 
| 1864 | Захарија Шумљанска — македонски револуционер. | 
| 1891 | Михаил Булгаков — руски писател. | 
| 1901 | Луис Монти — италијанско-аргентински фудбалер. | 
| 1909 | Џејмс Мејсон — англиски филмски и театарски глумец. | 
| 1914 | Тензинг Норгај — непалски планинар, кој прв се искачил на Монт Еверест. | 
| 1915 | Виктор Аќимовиќ — југословенски и македонски публицист. | 
| 1920 | Мелих Џевдет Андај — турски поет, романописец, есеист, драмски автор. | 
| 1930 | Џаспер Џонс — американски сликар. | 
| 1937 | Меделин Олбрајт Корбел — државен секретар на САД. | 
| 1942 | Ристо Јачев — македонски писател. | 
| 1947 | Љупко Петровиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер. | 
| 1956 | Мурат Јашари — поранешен член на ОНА. | 
| 1959 | Ратомир Грозданоски — македонски теолог. | 
| 1959 | Ендрју Елдрич — англиски рок-музичар, член на групата „Систерс оф мерси“ (Sisters of Mercy). | 
| 1960 | Римас Куртинаитис — литвански и советски кошаркар. | 
| 1964 | Маја Иванова — сопруга на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов. | 
| 1965 | Џезаир Шаќири — македонски политичар и поранешен член на ОНА. | 
| 1965 | Сенко Велинов — македонски глумец. | 
| 1966 | Јиржи Немец — чешки фудбалер. | 
| 1970 | Роналд де Бур — холандски фудбалер. | 
| 1970 | Франк де Бур — холандски фудбалер и тренер. | 
| 1978 | Егои Мартинес — шпански велосипедист. | 
| 1981 | Патрис Евра — француски фудбалер. | 
| 1987 | Енди Мареј — британски тенисер. | 
| 1997 | Усман Дембеле — француски фудбалер. | 
Починале:
| 1634 | Хендрик Аверкамп — пределен сликар од златното време на холандското сликарство | 
| 1886 | Емили Дикинсон — американска поетеса. | 
| 1914 | Јован Скерлиќ — српски писател и книжевен критичар. | 
| 1935 | Казимир Малевич — руски и советски сликар. | 
| 1967 | Едвард Хопер — американски сликар. | 
| 1987 | Рита Хејворт — американска глумица. | 
| 1994 | Олга Спиридоновиќ — српска и југословенска театарска и филмска глумица. | 
| 2019 | Михаило Јанкетиќ — српски глумец. | 
| 2021 | Ѓорѓе Марјановиќ — српски и југословенски пејач на забавна музика. | 
| 2023 | Роберт Лукас — американски економист, добитник на Нобеловата награда. | 
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads