Винени
село во Преспанско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Винени (грчки: Πύλη, Пили, до 1926 г. Βίνενι, Винени)[2] — село во Преспанско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 65 жители (2021).
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа во областа Долна Преспа, на самиот западен брег на Малото Преспанско Езеро. Сместено е недалеку од границата со Албанија, односно со македонската област Мала Преспа.[3]
Топонимија
Ова е список на позначајните топоними во Винени и неговата околина:[4]
Винени, Виненски Ливадје, Виненско Поле, Виништа, Изворите, Оровска Река, Расипаната Црква, Сатеска Планина, Урвој Камен, Урида.
Историја
Во Отоманското Царство
Селото за првпат е посведочено во документи од XV век.[5] Во XV век во Винани по име се набројани 49 глави на домаќинствата.[6] Во XIX век селото сè уште било населено со Македонци, но бидејќи имало поволни услови, Албанците од с. Граждано насила ги приграбиле имотите во Винени и го истерале македонското население, кое било приморано да се пресели во Граждано. Со ова, Винени станало единственото немакедонско село во подрачјето.[3] Веќе на почетокот на XX век Винени било чисто арнаутско село во Битолската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в селото живееле 155 Арнаути муслимани.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Винени (Vineni) имало 306 Албанци.[8] Боривое Милоевиќ нешто подоцна го спомнува Винени како село со 18 албански куќи.[3]
Во Грција
По грчките окупации во Балканските војни и Букурешкиот договор, Винени во 1913 г. било припоено кон Грција, кога имало 224 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 202.[3]
Во 1924 г. албанското население на селото (202 лица), како муслиманско е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени 173 понтски Грци од Турција. Во 1928 г. Винени е заведено како село со 97 жители од 24 семејства — сите грчки доселеници.[9] Во 1940 г. во него се попишани 207 жители.[3]
За време на Грчката граѓанска војна селото било напуштено, а неговото население се населило во побогатото село Оровник од другата страна на езерото, чие македонско население се иселило во војната. Поради ова, на пописот од 1951 г. Винени се води како напуштено[3], но нешто подоцна грчките власи во него населиле Власи — сточарски номади од Епир.[3] Нивниот број во 1961 г. изнесувал 122, па се намалил на 112 во 1971 г. Во 1981 г. населението нараснало на 137 лица, за повторно да се смали на 118 во 1991,[3] 116 во 2001 и 89 жители во 2011 г.
Според испитувањето од 1993 г. Винени било наполно влашко село, каде влашкиот јазик бил зачуван на средно ниво.[10]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Знаменитости
Во Винени може да се посетат рушевините на старата средновековна црква „Св. Никола“, изградена во XIV век, денес проглсена за заштитен историски споменик.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads