Виолински клуч
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
На почетокот на линиски систем се наоѓа музички знак што служи за точно именување на нотите. Се нарекува клуч (француски и англиски clef).[1][2] Името на клучот и неговото место на линијата во линискиот систем му го дава истото име и на нотата која се наоѓа на таа линија.

Името на клучот зависи од:
- неговиот облик
- местото каде е напишан во линискиот систем
Remove ads
Виолински или G-клуч

Виолински клуч или G-клуч (италијански: chiave di violino, англиски: treble clef; француски: clé de sol, германски: Violinschlüssel)[1] се бележи од втората линија и на нотата му го дава името g¹ (сол во првата октава). Се користи за бележење високи тонови.
Од сите клучеви, виолинскиот клуч денес најмногу се употребува. Го користат следните музички инструменти: виолина; флејта, обоа, кларинет, саксофон, хармоника, труба, вибрафон, ксилофон, мандолина, блок-флејта, гитара; десната рака на клавир и харфа; дел од ударни инструменти.
Виолинскиот клуч се користи и за вокалните гласови: сопран, мецосопран, алт, контраалт и тенор. Тенорот звучи за октава пониско од напишаното, а често се пишува со употреба на октав клуч.
![]() |
Понекогаш над или под клучот го пишува бројот 8 или 8va. Тоа значи дека целата делница треба да се транспонира за октава нагоре - ако бројот е над клучот; за октава надолу - ако бројот е под клучот.[3] |
Remove ads
Пишување ноти по G-клуч
Виолинскиот клуч служи за бележење ноти во обем од, на пример, е (ми во малата октава) до негде а³ (ла во третата октава) и погоре. Долниот нотен пример прикажува забележени тонови во виолински клуч во опсег од а (ла во малата октава) до c³ (до во третата октава):
Кои клучеви се употребуваат денес
Денес се користат три видови клучеви. Нивните имиња се:
Еве како изгледаат:
Бележење на иста нота c1 или до во првата октава во трите клуча: | ![]() ![]() ![]() |
Поврзано
- Бас-клуч
- Транспозиција (музика)
- Помошни линии
- Тоналитет
- 8va
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads