Хармоника

музички инструмент From Wikipedia, the free encyclopedia

Хармоника
Remove ads

Хармониката е полифон и аерофон музички инструмент со клавијатура или копчиња. Музичарот на хармоника (хармоникашот) со раце го шири и собира “мевот“ чија воздушна струја поминува низ вентили. Овие вентили ги контролираат прстите на хармоникашот со притискање на клавишите.

Кратки факти Класификација, Сродни инструменти ...

Звук на хармоника

Remove ads

Градба

Телото на хармониката се состои од две дрвени кутии поврзани со мев. Големината и тежината на хармониката варира во зависност од нејзиниот вид, бројот на регистри и басови. Притисокот на клавишот не се користи како изразно средство, ниту со него се контролира јачината на звукот, туку за тоа исклучиво се користи пумпањето на мевот.

Се разликуваат три основни видови хармоники: клавирска хармоника, хроматска со копчиња и дијатонска хармоника.

Remove ads

Историја

Се смета дека првата хармоника ја конструирал Кристијан Фридрих Лудвиг Бушман во 1822 г. во Берлин. Хармониката ја патентирал Цирил Демиан во 1829 г. во Виена. Неговата хармоника имала копчиња само на едната страна, додека другата служела само за развлекувење.

Употреба

Хармониката е фолклорен инструмент популарен ширум светот (Франција, Италија, Централна и Источна Европа, Латинска Америка). Присутна е и во традиционалната и новокомпонираната музика во Македонија. Хармониката поретко се користи како инструмент во забавната и сериозната музика.

Во Македонија музички дела за хармоника во класичната музика имаат компонирано Тома Прошев и Властимир Николовски.[1]

Хармониката како мотив во уметноста

Поврзано

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads