Випала (ајмарски и кечуански: Wiphala) e знаме или амблем во форма на квадрат кој го користат, и ги претставува, староседелските народи на Андите во денешни Боливија, Перу, Еквадор и делови од Аргентина, Чиле и Колумбија. Денес има неколку верзии на випалата, кои потекнуваат од випалата на Тавантинсују и секоја покраина на Тавантинсују имала своја випала.

Випалата е составена од 49 квадрати во седум разлиучни бои распоредени дијагонално. Распоредот на боите е во зависност од тоа која покраина на Тавантинсују го користела. Така на пример, најдолгата дијагонална централна боја ги претставувала покраините, односно: белата Куласују, жолтата Кунтисују, црвената Чинчајсују и зелената Антисују (иако има и алтернативна верзија за ова знаме). Випалата се користела и од Тупак Катари, а денес и во градот Куско, но тоа знаме е составено од седум хоризонтални ленти наместо квадрати.
Според членот 6 од уставот на Боливија, випалата е исто така официјално знаме на државата покрај старото трибојно.[1][2]
Бои
Випалата е составена од 7 бои - боите на виножитото. Значењето на боите е:
- црвена: земјата и андските луѓе
- портокалова: општеството и културата
- жолта: енергијата
- бела: времето
- зелена: природни извори
- сина: небото
- виолетово: андската влада и самоопределувањето
Випали
- Тупак Катари
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.