Витан
село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Витан (грчки: Βοτάνι, Вотани; до 1927 Βίτανι, Витани[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Населението брои 41 жител (2021).
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на 7 км југоисточно од Рупишта (Аргос Орестико), на десниот брег на реката Бистрица. Црквата „Св. Јован Претеча“ е од XIX век.[3]
Историја
Во Отоманското Царство
Витан во минатото бил македонско село, но жителите го напуштиле поради немирите за време на Али-паша Јанински. Потоа тука се доселиле Грци Качауни од Епир.[4] На крајот на XIX век Витан било грчко село село на самата македонско-грчка етничка граница — првото село на север е македонското Песјак. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Витан имал 80 жители, сите Грци.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Витан е чисто грчко село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 25 куќи.[6] Истовремено картата дава село Витан населено со Грци-муслимани во Населичката каза на Серфичкиот санџак со 13 куќи.[7]
Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, Витани (Βιτάνι) во 1910 г. се состоел од 18 македонојазични грчки семејства.[8]
Во „Етнографија на Македонија“ (1924) Густав Вајганд го опишува Витсани како грчко село на македонско-грчката јазична граница.[9]
На етничката карта на Костурското братство за 1912 г. Витанъ е означен како грчко село.[10]
Во Грција
За време на Балканските војни селото било окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 107 жители кои во 1920 г. се намалиле на 99.[4]
Во 1928 г. селото е преименувано во Вотани, кога имало 107 жители.[4]
Витан силно настрадал во Граѓанската војна и населението значително се намалило, селејќи се во странство и поголемите градови во Грција.[4]
Селаните се занимаваат со одлгедување на градинарски култури.[4]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads