Витачево

висорамнина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Витачевоmap
Remove ads

Витачевовисорамнина во Тиквешијата, во јужниот дел на Македонија. Се протега во правец југозапад-североисток, во должина од 15 км, меѓу реките Бошава на југ и исток, Тиквешкото Езеро на р. Црна на запад и Тиквешката Котлина на север. Зафаќа површина од 122 км2, со средна надморска височина од 800-1.000 м, издигајќи се 500-600 м над околните предели.[1]

Thumb
Поглед на високиот дел на Витачево
Thumb
Витачево
Местоположба на Витачево во Македонија

Висорамнината настанала со напластување на вулкански материјал (обично туфови) од избувите на вулканизмот на Кожуф.

Жариштето на поранешниот вулканизам се наоѓало од западната страна на Кожуф, долж денешната граница со Грција, кајшто се зачувани повеќе вулкански купи. Подрачјето се одликувало со кисел и избувен вулканизам со поголем обем на исфрлени андезитско-дацитски лави и пирокластичен материјал. Значителен дел од наталожениот материјал е однесен во поново време, а површината на некогаш многу попространата висорамнина е значително намалена. Поради неотпорноста на туфовите и оголеноста, Витачево е под многу силна ерозија, со бројни долчиња, долови, свлечишта (на пр. Градот) и други.[1]

Remove ads

Тврдини и археолошки наоѓалишта

На подрачјето на Витачево се среќаваат повеќе остатоци од доцноантички тврдини и други наоѓалишта:[2]

Наречено по висорамнината

Thumb
Вештачкото езеро Витачево.
  • На висорамнината е сместен земјоделскиот аеродром „Витачево“, кој има тревна подлога.[3]
  • Аероклуб „Витачево“ — клуб за спортско воздухопловство од Кавадарци.[4]

Цркви

На самата висорамнини се сместени неколку параклиси, цркви во изградба и изградени цркви.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads