Тиквешка Котлина
котлина во централно-јужна Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тиквешка Котлина — котлина во централно-јужна Македонија која се протега во Средното Повардарие, а го зафаќа рамниот и брановиден простор помеѓу Велешката Клисура на север и Демир Капија на југ. Ова е една од најголемите котлини во Македонија, со вкупна површина од 2.518 км2[1]. Ограничена е со водоразделните линии по планините: Кожуф, Козјак, Дрен и Клепа од западната страна на р. Вардар и Иланџа, Конечка, Градешка и Плауш од источната страна на Вардар. Рамничарскиот дел, кој е обично на надморска височина од 75 до 200 м зафаќа околу 350 км2[1].
Во котлината е сместена познатата културно-историска област Тиквешија.
Remove ads
Физички одлики
Котлината зафаќа површина од 2.518 км2, а лежи на наморска височина помеѓу 100 и 2.166 м[2]. Има издолжен облик со должина од 50 км, а ширина од 40 км. Образувана е со тектонските движења во неогенот, а подоцна древното Тиквешко Езеро (различно од денешната акумулација).
Морфолошки целини
Во Тиквешката Котлина се издвојуваат низа посебни морфолошки целини:
Клима
Климата во котлината е изменетосредоземноморска, со малку врнежи во годината (476,7 мм)[2]. Има погодни услови за одгледување на разни земјоделски култури. Тиквеш е познат винарски крај во котлината, каде е мошне застапена виновата лоза, но во неа можат да се одгледуваат и топлољубивите култури како афионот, сусамот, памукот. Во многу места низ котлината се одгледуваат и житарки, тутун, зеленчук, бостан.[2]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads