Витенберге

From Wikipedia, the free encyclopedia

Витенбергеmap
Remove ads

Витенберге (германски: Wittenberge) — град во округот Пригниц, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа на реката Елба.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Витенберге во рамките на округот Пригниц ...
Remove ads

Географија

Витенберге се наоѓа на десниот брег на реката Елба кај нејзиот влив со Штепениц и Картане. Во рамките на округот, градот се граничи со општинската заедница Ленцен-Елбталауе и Бад Вилснак/Вајзен како и со административното седиште Перлеберг. Општинската заедница Зехаузен (Алтмарк) во округот Штендал, Саксонија-Анхалт, се наоѓа на спротивната страна на Елба.

Историја

Thumb
Градското собрание

Градот бил означен во 1239 како Вендишвалде и во 1300 саксонскиот крал Отон Први основал населба. Започнала да се развива бавно, но постојано. Градскиот замок (1669) — зачуван како градски музеј, но бил опожарен во 1686 и 1757 и поплавен од Елба во 1709 и 1761. Поради неговата местоположба, просперирал од отворањето на паробродскиот сообраќај помеѓу Берлин и Хамбург. Во 1846 била изградена првата железничка линија и биле отворени првите фабрики. Подоцна биле отворени и железнички работилници и депоа и светски познатата машина за шиење била склопувана тука во 1903. Во 1914 било изградена Градското собрание.

Од 15 август 1942 до 17 февруари 1945 постоел концентрациски камп во Витенберге. Кампот бил подкамп на концентрацискиот камп Нојенгаме.[2]

Помеѓу двете светски војни биле изградени големи работнички населби за растечкото население. Бил погоден и многу оштетен во текот на Втората светска војна. По војната само железничкото депо продолжило да работи, иако подоцна биле отворени други фабрики во разни дејности.

Remove ads

Меѓународни односи

Збратимени градови

Витенберге е збратимен со:

Познати луѓе

  • Клаус Хафенштајн (1922  1998), глумец
  • Рихард Круспе (р. 1967), музичар (Rammstein)

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads