Перлеберг

From Wikipedia, the free encyclopedia

Перлебергmap
Remove ads

Перлеберг (германски: Perleberg) — град и административно седиште на округот Пригниц, сместен во северозападниот дел на сојузната покраина Бранденбург, во Германија. Градот ги добил градските права во 1239[2]. Сместен во главно земјоделска област, градот има долга историја на војници кои биле сместени тука (најмногу од Прусија) и како административно седиште на локалната власт.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Перлеберг во рамките на округот Пригниц ...
Remove ads

Географија

Thumb
Скулптура за Роланд од XVI век

Перлеберг се наоѓа во срцето на округот Пригниц, на половина пат помеѓу двата најголеми германски града Берлин и Хамбург.[3] Се граничи со општините Карштет на северозапад, Грос Панков (Пригниц) на североисток, Платенбург на југоисток; општинските заедници Бад Вилснак/Вајзен на југ, Ленцен-Елбталауе на запад; градот Витенберге на југозапад.

Штепениц тече од североисток кон југозапад низ Перлеберг. Историскиот центар на градот е изграден на острови помеѓу два ракави на реката.

Remove ads

Историја

Една од најстарите градби во градот е црквата Св. Јаков (Jakobikirche). Првпат спомената во 1294,[4] била често обновувана и целосно изменета во 1850-тите.[5]

Во 14 век го достигнал својот врв како дел од Ханза. Во 1523 бил средиште на армијата на изборниот кнез Јоахим Први како поддршка на неговиот зет Кристијан Втори во обидот да се врати на неговиот престол. Триесетгодишната војна предизвикала сериозни оштетувања на градот; од 3.500 жители, само 300 преживеале.[2]

На 25 ноември 1809, грофот Бенџамин Батерст исчезнал во Перлеберг. Подоцна на сметка на исчезнувањето се појавиле тврдење дека станува збор за паранормална појава.[6]

Remove ads

Луѓе

  • Ернст Еренбаум
  • Лоте Леман
  • Дерте фон Вестернхаген

Наводи

Ризница-врска

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads