Пригниц

From Wikipedia, the free encyclopedia

Пригницmap
Remove ads

Пригниц (германски: Prignitz) — округ во северозападниот дел на сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се граничи со (од север надесно) округот Лудвигслуст-Пархим во Мекленбург-Западна Померанија, округот Источен Пригниц-Рупин во Бранденбург, округот Штендал во Саксонија-Анхалт и округот Лихов-Даненберг во Долна Саксонија.

Кратки факти ПригницLandkreis Prignitz, Земја ...
Thumb
Улица во Перлеберг
Remove ads

Географија

Терминот Пригниц првично ја означувал областа северно од вливот на реките Елба и Хафел. Така областа е поголема отколку самиот округ. Исто така го вклучува градот Хафелберг во Саксонија-Анхалт и големи делови од соседниот округ Источен Пригниц-Рупин.

Реката Елба ја создава југозападната граница на округот.

Историја

Историската област Пригниц се состоела од следниве единаесет окрузи основани во 13 век: Витенберге, Ленцен, Перлеберг, Путлиц, Кириц, Ницов, Витшток, Прицвалк, Хафелберг, Вустерхаузен и Грабов.

Денешниот округ Пригниц бил создаден во 1993 со спојување на претходните окрузи Прицвалк и Перлеберг и неколку општини од округот Кириц. Најзападниот дел од округот бил претходно дел од Мекленбург-Западна Померанија, но станал дел од Бранденбург на 1 август 1992.

Претходниот округ Пригниц бил меѓузона помеѓу Бранденбург и Мекленбург. Била повторно населена од Германци, особено од областа на Бремен, по Првата крстоносна војна против Словените во 1147. Бројот на германски населби се зголемил со текот на годините. Источната половина била доминирана од прогерманскиот гроф Фон Плото, кој донел свои вазали како Фон Блументал и Фон Грабов. Западната половина била доминирана од разбојници, особено од семејството Ганс зу Путлиц и нивните вазали, Фон Квицов. Кога Фридрих, гроф на Цолерн, бил назначен за маркгроф во 1411, се соочил со побуна на вендското благородништво, поддржани од вендскиот војвода на Мекленбург. Меѓутоа, успеал да воспостави контрола на побуната со Битката кај Кремер Дам, со поддршка на германското благородништво. Семејствата кои останале лојални биле наградени. На пример, Ото фон Блументал станал капетал на Пригниц 1415–1422 и на Ленцен од 1420.

Remove ads

Грб

Thumb
Грб
Грбот покажува гуска која се подготвува за борба, симбол на семејството Ганс цу Путлиц („Ганс“ (Gans) на германски значи гуска), кои во 12 век биле едни од семејствата (како Фон Плото, Фон Блументал и Фон Арним) кои го донеле христијанството и германската култура во Пригниц. Бисерите околу гуската го покажуваат Перлеберг (што буквално значи Планина на Бисерот). Волкот во долниот дел е за поранешното административно седиште Прицвалк, бидејќи „валк“ (walk) потекнува од словенскиот збор „волк“ (wolk). Брановитата линија помеѓу двата дела ја симболизира реката Елба, додека црвената и белата боја се истите оние на Бранденбург.

Градови и општини

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads