Владимир Јанковски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Владимир Јанковски
Remove ads

Владимир Јанковскимакедонски писател.

Thumb
Владимир Јанковски - македонски писател

Животопис

Јанковски работел како уредник во издавачката куќа „Темплум“, а потоа преминал во издавачката куќа „Магор“. Се појавува прилично доцна на македонската книжевна сцена, и тоа како прозаист и како критичар, истражувач, преведувач, промотор и организатор на книжевни манифестации. Основни творечки опсесии на Јанковски се љубовта и градот, урбаноста. Во таа смисла, тој е дел од генерацијата кои целосно ги отфрлија големите, историски, мета наративни или постмодернистички теми и кои во својот фокус го имаат секојдневниот живот. Притоа, тој е под големо влијание на надреализмот и најревносен ученик на Влада Урошевиќ.[1]

Remove ads

Книжевно творештво

Владимир Јанковски е автор на следниве прозни дела:

  • роман, „Вечно сегашно време“ (2010)
  • роман, „Невидливи љубови“ (2015)
  • книга со фото есеи, потпишана заедно со фотографот Иван Блажев. (2015)[1]
  • роман, „Скриени желби, немирни патувања“ (2020)
  • разговори со Влада Урошевиќ - Кабинет на чуда со ѕидови од огледала (2023)[2]
  • роман „Ехото на акробатите“ (2024)

Награди

  • 2024 - Награда „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината во Македонија, за романот „Ехото на акробатите[3]
  • 2021 - „Роман на годината“ на фондацијата „Славко Јаневски“ за „Скриени желби, немирни патувања“
  • 2016 - „Рациново признание“ за „Невидливи љубови“[4]
  • 2015 - Избран за македонски претставник за меѓународната награда „Балканика“, со романот „Невидливи љубови“.[5]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads