Награда „Пегаз“

книжевна награда за најдобар необјавен македонски роман на годината From Wikipedia, the free encyclopedia

Награда „Пегаз“
Remove ads

Награда „Пегаз“ – книжевна награда за најдобар необјавен македонски роман на годината.

Thumb
Книжевна награда „Пегаз“

Историјат

Наградата „Пегаз“ е востановена во 2019 година, како своевидно продолжение на етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за најдобар објавен роман на годината. Целта на наградата „Пегаз“ е да прерасне во книжевен скаут во потрага по квалитетно романескно остварување и по нови писателски гласови што ќе го унапредат овој книжевен вид во рамките на македонската книжевна продукција.

Remove ads

За наградата „Пегаз“

Конкурсот за наградата „Пегаз“ e распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. За наградата можат да конкурираат сите необјавени романи наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат предложени од самите автори-кандидати за наградата, кои треба да ги достават своите ракописи во електронска форма во „ворд“ или во ПДФ-формат. Ракописите ги оценува тричлена жири-комисија составена од двајца реномирани културни работници и еден претставник од издавачката куќа.

Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ, статуетка и објавување на романот во посебна едиција „Пегаз“.

Remove ads

Досегашни добитници на наградата „Пегаз“

Романи во најтесен избор

Покрај доделувањето на наградата „Пегаз“, секоја година се селектираат и романи во најтесен избор за објавување:

  • 2019 - романот „Курвини синови“[9] од Александар Русјаков
  • 2020 - романите[10] „Албино трип“ од Александар Русјаков и „Деса“ од Ивана Трајаноска
  • 2021 - романите[11] „Ние“ од Ана Стојаноска и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска
  • 2022 - романите[12] „Писма од лудница“ од Срѓан Ивановиќ, „Мртва коска“ од Димче Парталоски и „Есента во животот на професорот по марксизам“ од Моџо Килингтон
  • 2023 - романите[13] „Страшни приказни“ од Сузана Камберова, „Неочекувано“ од Ана Мовска (псевдоним) и „Интервенција“ од Игор Рамдедов
  • 2024 - романите[14] „И“ од Кристина Краличин, „Брчка или За болешливото здравје“ од Филип Љ. Трајковски и „73 денови“ од Иво Митев
  • 2025 - романите[15] „Пацер“ од Коста Бојчески, „Изгубени низ дупки во џебовите“ од Владо Јаневски и „Солдат 1882“ од Добре Тодоровски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads