Владимир Темелков

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Владимир Темелков (роден на 26 март 1980 во Титов Велес) ― македонски поранешен ракометар.

Кратки факти Лични податоци, Роден(а) ...
Remove ads

Кариера

Темелков ја започнал својата кариера во својот роден град Велес, во Борец, од кај што преминал во Пелистер во кој одиграл вкупно пет сезони и бил дел од составот на Пелистер кој играл финале во ЕХФ Челинџ купот во сезоната 2001/02.

Тој започнал интернационална кариера во 2003 година, потпишувaјќи договор со бундеслигашот Фулинген, каде што се задржал две сезони. Следно, тој одиграл четири сезони во дресот на второлигашот Ортенау, пред повторно да се врати во првата Бундеслига, во дресот на Балинген, каде што играл од 2009 до 2011 година.

Во сезоната 2011/12, Темелков се преселил во луксембуршката лига, потпишувајќи за Башараж, кој подоцна го сменил името во Кјеринг. Во дресот на клубот, тој два пати бил првак на Луксембург, во 2014 и 2018 година, и два пати го освоил купот на Луксембург, во 2015 и 2016 година. По 14 сезони во Кјеринг, тој ја завршил својата кариера на 44-годишна возраст.[1]

Темелков бил дел од составот на македонската репрезентација на Светското првенство 2009 во Хрватска. Тој исто така бил дел од составот на репрезентацијата која го освоила петтото место на Европското првенство 2012 во Србија. Негово последно големо натпреварување во македонскиот дрес било Светското првенство 2013 во Шпанија.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads