Машка ракометна репрезентација на Македонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Машка ракометната репрезентација на Македонија — сениорска репрезентација што ја претставува Македонија на меѓународните ракометни натпреварувања во машка конкуренција. Репрезентацијата е раководена од Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Remove ads
Историја
До 1991 година, кога се стекнала со независност, Македонија играла во рамките на СФРЈ. Машката ракометна репрезентација го одиграла својот прв натпревар на 15 декември 1993 година, против репрезентацијата на Романија, во рамките на Купот на Карпатите.[1]
Меѓународни учества
Македонската машка ракометна репрезентација има учествувано на повеќе големи меѓународни натпреварувања.
Европски првенства
Европско првенство во ракомет за мажи 1998
Европското првенство во Италија, во 1998 година, бил првото европско првенство на кој настапила репрезентацијата на Македонија. На ова првенство, Македонија играла во групата „Б“ и завршила на последното место, со само 1 освоен бод. На конечната табела на првенството, Македонија завршила на последното, 12 место.
Европско првенство во ракомет за мажи 2012
Европското првенство во Србија, во 2012 година, е второто европско првенство на кој Македонија зела учество. Во првата рунда од првенството, Македонија играла во групата „Б“, каде завршила на второто место, со една победа и еден нерешен резултат. Во следната рунда од првенството, Македонија играла во првата комбинирана група, каде завршила на третото место и со тоа разигрувала со Словенија во борбата за петтото место. Македонија ја поразила селекција на Словенија, обезбедила место во квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Лондон и бараж за Светското првенство во 2013 г. На квалификациите за Олимписките игри во Лондон, Македонија играла на квалификацискиот турнир во Шведска, против домаќинот Шведска, Бразил и Унгарија, но не успеала да се пласира на Олимпијадата. Сепак, таа успеала да се квалификува за Светското првенство во ракомет, одиграно во Шпанија, во 2013 година.
Европско првенство во ракомет за мажи 2014
Македонија се пласирала на Европското првенство во Данска како второпласирана во квалификациската рунда. На Европското првество, Македонија ги започнала своите натпревари во првата „А“ група, каде разигрувала со репрезентациите на Данска, Чешка и Австрија. По звршувањето на прелиминарната рунда, Македонија имала пораз од Данска, нерешен резултат со Чешка и победа над Австрија. Со тоа, Македонија продолжила во следната главна фаза, каде во новата група пренесла 2 бода и се пласирала на третото место, веднаш зад Шпанија и Данска. На крајот од првенството, Македонија го зазела 10 место.
Европско првенство во ракомет за мажи 2016
Македонија играла во шестата квалификациска група за Европското првенство во ракомет 2016, заедно со Франција, Чешка и Швајцарија. Македонија ги започнала квалификациите на 26 октомври 2014 година, кога во Скопје ја победила репрезентацијата на Швајцарија, со резултат 27-20. Најефикасен стрелец бил Кире Лазаров, со постигнати 13 гола.[2] Неколку дена подоцна, на 2 ноември 2014 година, во Злин, репрезентацијата на Македонија ѝ гостувала на Чешката репрезентација. Наспроти големата предност што Чесите ја имале на полувремето, натпреварот завршил нерешено 27-27 (11-18), благодарение на голманот Борко Ристовски, кој имал 24 одбрани. Инаку, најефикасен стрелец во репрезентацијата на Македонија бил Кире лазаров, со 10 гола.[3][4]
Непосредно пред почетокот на Европското првенство, во декември 2015 година, од репрезентацијата биле исклучени голманот Даниел Дупјачанец и Мартин Велковски, кои претходно за првпат биле повикани во репрезентацијата. Во групната фаза од првенството, Македонија играла заедно со репрезентациите на Полска, Франција и Србија.[5]
Светски првенства
- 1999
Египет - 18 место
- 2009
Хрватска - 11 место
- 2013
Шпанија - 14 место
- 2015
Катар - 9 место
- 2017
Франција - 15 место
Светско првенство во ракомет за мажи 1999
На светското првенство во Египет 1999, репрезентацијата на Македонија не успеала да ја мине групната фаза и на крајот завршила на 18. место.[6]
Светско првенство во ракомет за мажи 2009
На светското првенство во Хрватска 2009, репрезентацијата на Македонија остварила голем успех и на крајот завршила на 11. место.[6]
Светско првенство во ракомет за мажи 2013
На светското првенство во Шпанија 2013, репрезентацијата на Македонија ја минала групната фаза, но била елиминирана од Германија во осмина-финалето. Така, на крајот, Македонија го зазела 14. место на првенството.[6]
Светско првенство во ракомет за мажи 2015
На светското првенство во Катар 2015, Македонија играла во групата „Б“, заедно со репрезентациите на Тунис, Босна и Херцеговина, Хрватска, Иран и Австрија. Репрезентацијата на Македонија била предводена од селекторот Ивица Обрван.[6] Во 4. коло од групата „Б“, Македонија изгубила од Хрватска, со резултат 26-29 (14-15), а најефикасен во македонската репрезентација бил Кире Лазаров, со постигнати седум голови.[7]
Remove ads
Тековен состав
Список на повикани играчи за Светското првенство 2023.
Селектор: Кирил Лазаров
Remove ads
Поранешни истакнати играчи
- Стевче Алушевски
- Петар Ангелов
- Бранислав Ангеловски
- Горан Андоновски
- Ванчо Димовски
- Горан Ѓоргоновски
- Александар Јовиќ
- Ацо Јоновски
- Горан Кузманоски
- Филип Лазаров
- Лазо Мајнов
- Гоце Макалоски
- Пепи Манасков
- Филип Миркуловски
- Влатко Митков
- Наумче Мојсовски
- Зоран Петковски
- Кире Поповски
- Стојанче Стоилов
- Радослав Стојановиќ
- Владимир Темелков
- Боро Чурлевски
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads