Влака
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Влака или Вишенска Река[1][2] (грчки: Λάκκος[3] или Βυσσινιά[4]) — река во Костурско, Егејска Македонија. Завршува како северен дотек на Костурското Езеро.[1]
Remove ads
Течение
Реката извира на планината Вич југоисточно под врвот Манковец (1.867 м). Тече на запад и ги прима водите од месноста Пет Извори. Во месноста Лапсини свртува на југозапад и минува источно крај селото Вишени, по кое е наречена. Потоа минуваи источно под селото Шестево, свртува на југ, па ја прима десната притока Гумница[1] (Лонгорема[5]), и се влева во Костурското Езеро источно од поранешното село Стар Чифлик.[1]
Remove ads
Слив
Надморската височина на речниот слив се движи од 650 м до 2.000 м. Средниот проток изнесува 403 л/с, а најголемиот достигнува 2.000 л/с при обилни врнежи.[4]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads