Вишени

село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Вишени
Remove ads

Вишени (грчки: Βυσσινιά, Висинија, до 1927 Βύσανη, Висани)[2] — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Кратки факти Вишени Βυσσινιά, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 13 километри северно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Пополе во јужните делови на Нередска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 900 метри.

Историја

Во отоманскиот збирен даночен список на немуслиманското население било споменато дека селото има 24 глави на семејства и четири неженети: Бојко, папа Јорг, Рајко, Никола, Јорг, Димо, Драгија, Тодор, Димитри, Јано, Ставро, Алекса, Иверко, Петко, Дидое, Тодор, Михо, Јанкос, Леко, Јоргич, Дабижив, Андронико, Михо, Јорг, Дабижив, Андронико, Михо и Јорг, и пет вдовици Трајана, Кала, Влада, Стана и вдовицата на Дидое. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 1.920 акчиња[3].

Во селото во текот на 80-те години на XIX век биле изградени две цркви - „Свети Николај“ (1884) и „Свети Атанас“ (1886)[4], како и едно училиште[5].

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Вишени се состоело од 80 семејства со 100 жители муслимани и 180 Македонци[6][7] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Вишени имало 1.150 жители Македонци[6][8].

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Вишени се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 160 куќи.[9]

Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало четири пати од страна на османлиските војски. Според писмото на водачите на востанието во Костурско, Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, кое било испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 година, во селото биле опожарени 170 куќи,[10] додека биле убиени Дине Ишков (65 г.), Гиле Сотиров (73), Сидо Бакрачев (81), поп Кочо (70), Коле Лејка (60) и Дино Калков (85)[10] Според друг извор биле изгорени 172 од 186 куќи[11].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1.280 Македонци и работело егзархиско училиште[6][12]. Според грчката статистика од 1905 година селото било чисто македонско со 950 жители. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 170 македонски семејства[13]. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади.[14]

Во мај 1908 година Георгиос Диконимос го нападнал Вишени, во текот на нападот биоле убиени 9 жени, 4 мажи, а три други жени биле тешко ранети[15], по овој напад Диконимос ја напуштил Македонија.

Во текот на Втората балканска војна, селото настрадало и било окупирано од страна на грчките војски[16].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 1060 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 700 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Висинија.[17] Во текот на Првата светска војна, според официјалните бугарски документи, 14 жители се засолниле во Бугарија, додека 29 заминале во Бугарија по 1919 година. Во селото имало 29 политички убиства.[18].

Во текот на Втората светска војна, селото настрадало од страна на италијанските окупатори[19]. Во 1945 година биле регистрирани 650 Македонци. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 159 деца од селото биле протерани како деца бегалци[18]

По крајот на војната започнала масовна емиграција од селото кон Австралија, САД и Канада. Поради ова, бројот на населението започнал да се намалува.

Remove ads

Демографија

Во 1928 година селото броело 642 жители.[20], додека во 1940 година селото броело 684 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 472 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 267 жители, во 1971 година имало 260 жители, во 1981 година имало 229 жители, додека во 1991 година имало 157 жители[21]. Денеска, населението на селото е 135 жители според пописот од 2001 година.

Повеќе информации Година, Население ...

Личности

Thumb
Кољо Рашајков Вишенски
Родени во Вишени
  • Анастас Дамјанов (1888 - ?)[30]
  • Анастас Стумбов
  • Аргир Лебамов[31]
  • Васил Ишков (? - 1961)
  • Васил Стумбов
  • Георги Апостоловски (1855 - 1922)[32]
  • Георги Калков (1916-1948)
  • Георги Христов - Драшка[33][34]
  • Григор Бакрачев (1878 - 1963)
  • Дамјан Кузев[35]
  • Дамјан Марков (1858 - 1941)[36]
  • Дамјан Попхристов (1888 - 1964)
  • Димитар Силјанов[37]
  • Евтим Михајлов[38]
  • Иван Апостоловски (ок. 1853 - ?)
  • Јото Рашајков
  • Никола Рашајков (1867 - 1902)
  • Панајот Милошев (1927 - 1949)[39]
  • Пандо Иванов (1890 - ?)[40]
  • Спасо Гергевски[41]
  • Спиро Хаџиев (1873 - ?)
  • Тома Бакрачев (1877 - 1951)
  • Тома Христов
  • Трпен Марков (1879 - 1903)
  • Христо Талев[42]
Починати во Вишени
  • Ване Христов (? - 1904)
  • Никола Рашајков (1867 - 1902)
  • Лазар Москов (1877 - 1902)
  • Петар Малков (? - 1908)
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads