Влахерна (палата)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Влахерна (палата)
Remove ads

Палатата во Влахерна (грчки: τὸ ἐν Βλαχέρναις Παλάτιον[1]) се наоѓала во предградието Влахерна во северозападниот дел од градот Цариград и служела како резиденција на византиските императори. Палатата се наоѓала на шестиот рид на градот[2].

Кратки факти Палата Влахерна τὸ ἐν Βλαχέρναις Παλάτιον, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Била изградена во околу 500 година[3], но во следните векови била целосно реконструирена во 10 век кога седиштето на администрацијата се наоѓала во овој објект[3]. Комплексот се состоел од салата на Анастасиј именувана според Анастасиј I (491-518) кој го изградил, салата Океанос, портикот на Јосиф и Данубиос. До овие три објекти се наоѓала црквата посветена на Пресвета Богородица[1][3].

Кога Алексеј I Комнин (1081-1118) го префрлил седиштето на администрацијата во овој реон[3], во следниот период биле изградени дополнителни ѕидини околу комплексот кој станал познат како Нова палата. Денеска од комплексот се задржал затворот Анемас. По 1204 година, латинските императори владееле од Букелеон. Врз дел од темелите на комплексот во османлиско време била изградена џамијата Иваз Ефенди во 1580 година.

Remove ads

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads