1204
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1204 (MCCIV) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1204 година од новата ера, 204. од вториот милениум, 4. од XIII век и петта од 1200-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6712 и 6713 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5954 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4964 и 4965 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1957.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1204 година се протега во 3840 и 3841, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3900 и 3901 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1747. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 600 и 601 исламска година.
Remove ads
Настани
- Јануари - Четиригодишниот Гуторм Сигурдсон е прогласен за крал на Норвешка]; неговото владеење завршува со својата смрт неколку месеци подоцна.
- 28 јануари - Византискиот цар Алексиј IV Ангел е соборен во од престолот.
- 5 февруари - Алексиј V Дука е прогласен за византиски цар.
- 13 април - Четврта крстоносна војна: Крстоносците го освојуваат Цариград. Градот е изложен на големи грабежи кои траат три дена. Силите на Република Венеција ги ограбуваат античките статуи кои денеска се познати како Коњите на Свети Марко.
- 16 мај - Болдвин I е крунисан од цар на Латинското Царство од страна на членовите на учесниците во Четвртата крстоносна војна.
- Теодор I Ласкарис побегнува во Никеја по падот на Цариград и го воспоставува Никејското Царство. Византија престанува да постои. На местото на нејзината територија се основани неколку византиски наследни држави како Епирското Деспотство и Трапезунтското Царство.
- Бонифациј Монфератски, водач на Четвртата крстоносна војна, го основа Солунското Кралство.
- Писмото на францускиот теолог Амалрик да Бене го осудува Паризскиот универзитет и Папа Инокентиј III.
- Цар Калојан е признаен како цар на Бугарија од страна на Папа Инокентиј III.
- Валдемар II Дански е признаен како крал во Норвешка.
- Анже и Нормандија се окупирани од Филип.
- Херман I Тириншки е наследен од Филип Швапски.
- Каналските Острови на Гернзи и Џерси решаваат да останат со англиската круна, откако Нормандија е вратена од Филип II.
Remove ads
Родени
Починале

- 1 јануари - Хокон III, крал на Норвешка
- јануари - Исак II Ангел, византиски цар
- 8 февруари - Алексиј IV Ангел, византиски цар
- 1 април - Елеонор, сопруга на Хенри II
- 11 август - Гуторм Сигурдсон, крал на Норвешка
- 30 септември или ноември 30 - Емерик Унгарски (р. 1174)
- ноември - Кулин, владетел на Босна (р. 1163)
- 12 декември (или 13 декември) - Мојсиј Мајмонид, шпански рабин и филозоф (р. 1135)
- непозната дата
- Сулејман II, селџучки султан
Remove ads
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads