Воиславци
село во Општина Радовиш, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Воиславци — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 796 жители,[2] со што селото се вбројува во средни села во областа на Конче и Радовиш.[3]
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Радовиш, чиј атар делумно се издига на источната страна на планината Смрдеш.[4] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 400 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 7 километри, додека од магистралата А4 помеѓу Радовиш и Струмица е оддалечено 1,3 километри.[4]
Сместено е под пазувите на планината Смрдеш. Преовладува наизменично средоземна клима, која е погодна за одгледување на разни земјоделски производи.
До селото води асфалтен пат.
Remove ads
Историја
Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[5]
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 10,3 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 529,9 хектари, на шумите отпаѓаат 424,9 хектари, а на пасиштата само 46 хектари.[4]
Во основа, селото има полјоделска функција. Во селото работат продавница и угостителски објекти.[4]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Воиславци живееле 340 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Воиславци имало 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[8]
Во 1961 година селото броело 711 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 798 жители, македонско население.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Воиславци живееле 796 жители, сите Македонци.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 592 жители, од кои 554 Македонци, 1 останат и 37 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
Воиславци е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[14]
- Староседелци: Димчовци, Јовановци и Ристовци (8 к.), Шукријовци, Спасовци, Јовановци, Илијевци и Николовци (18 к.), Грујовци и Стефановци (6 к.), Ќајци, Атанасовци, Мијаловци и Милевци (8 к.) и Чекрци, Андоновци и Трајковци (5 к.).
- Доселеници: Аневци и Албанци (4 к.) и Темелковци (6 к.), доселени се од некое околно село; Карабашеви (5 к.) и Димитријевци (4 к.), доселени се од селото Сулдурци.
Remove ads
Општествени установи
- Основно училиште „Орце Николов“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Орце Николов“ - Ињево
- Месна заедница
- Градинка
- Градинката
- Поштата
- Спортското игралиште
- Основното училиште
Самоуправа и политика
Во XIX век, Воиславци било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ињево, во која покрај селото Воиславци, се наоѓале и селата Бучим, Горна Враштица, Дамјан, Дедино, Долна Враштица, Ињево, Погулево, Сулдурци и Топалница. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Воиславци, во која влегувале селата Воиславци и Сулдурци.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1594 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 634 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 657 гласачи.[17]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[5]
- Добри Дол — средновековна некропола;
- Прелози — средновековна населба; и
- Ракишин Пат — средновековна населба.
- Цркви[18]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква;
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — стара манастирска црква;
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — нова манастирска црква;
- Црква „Св. Илија“ — стара манастирска црква;
- Црква „Св. Илија“ — нова манастирска црква;
- Црква „Св. Јован Крстител“ — манастирска црква;
- Црква „Св. Петка“ — селска црква;
- Црква „Св. Димитриј“ — селска црква; и
- Црква „Св. Теодор“ — селска црква.
- Манастири
- Воиславски манастир „Успение на Пресвета Богородица“ — манастир во близина на селото;
- Воиславски манастир „Св. Илија“ — манастир во близина на селото; и
- Воиславски манастир „Св. Јован Крстител“ — манастир во близина на селото.
- Споменици
- Споменик на НОБ
- Споменик на НОБ
- Новата манастирска црква „Успение на Пресвета Богородица“
- Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
- Новата манастирска црква „Св. Илија“
- Црквата „Св. Јован Крстител“
- Црквата „Св. Петка“
Remove ads
Редовни настани
Секоја година на 5 јануари се организира палење на бадникарски оган.
Галерија
- Објект во селото
- Лулашки во селото
- Поглед на селото
- Стара куќа во селото
- Сокак во селото
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads