Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Воиславци (нова)
манастирска црква на Воиславскиот манастир „Успение на Пресвета Богородица“ From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Успение на Пресвета Богородица — манастирска црква на Воиславскиот манастир „Успение на Пресвета Богородица“.
Remove ads
Историја
Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен во 1968 година од страна на Митрополитот Злетовско-струмички г. Наум. Црквата била осветенаво 1980 година од страна на Епископот Тивериополски и администратор Злетовско-струмички Горазд.[1]
Архитектура
Градбата на црквата има правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна до којашто е доградена припрата, а над него има ниша со фреска на којашто е претставена Богородица со Исус. Црквата има и споредни влезови на јужната и северната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со лимен кров. Внатрешноста на храмот не е живописана, а иконите биле изработени од зографот Дончо од Секирник во 1975 година.[1]
Непосредно до североисточниот агол од црквата се издига камбанаријата којашто над постаментот е отворена од сите страни.
Remove ads
Галерија
- Поглед на црквата
- Главниот влез
- Нишата над главниот влез
- Влезот на јужната страна
- Влезот на северната страна
- Апсидата
- Камбанаријата
Поврзано
- Воиславци
- Воиславски манастир „Успение на Пресвета Богородица“
- Воиславски манастир „Св. Илија“
- Воиславски манастир „Св. Јован Крстител“
- Црква „Св. Ѓорѓи“
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ (стара)
- Црква „Св. Илија“ (стара)
- Црква „Св. Илија“ (нова)
- Црква „Св. Јован Крстител“
- Црква „Св. Петка“
- Црква „Св. Димитриј“
- Црква „Св. Теодор“
- Радовишко архијерејско намесништво
- Ораовичко-воиславска парохија
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads