Волчишки манастир
манастир кај Волчишта, Зихненско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Волчишки манастир „Света Петка“ (грчки: Ιερά Μονή Αγίας Παρασκευής Δομίρου) — женски манастир кај селото Волчишта, Зихненско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Сместен е на 2 км источно од селото и има неколку храма — главниот „Св. Петка“, црквата „Св. Рафаил“, црквата „Св. Спиридон“ и параклисот „Св. Теофанија“.[2]
Remove ads
Историја
Манастирот е основан околу 1500 г. како метох на Кушничкиот манастир („Пресв. Богородица Косиница“). Според тврдење на епархискиот портал, бил изгорен од Македонци и обновен во 1904 г. На влезната плоча на црквата се вели: „Овој Свети храм е обновен во 1904 година со помошта на Богородица Косиница Кушничка при игуменот архимандрит Дамаскин Вафидис“. Во 1924 г. по размената на население меѓу Грција и Турција, по инцијатива на митрополитот Лаврентиј Драмски, Кушничкиот манастир го отстапил метохот на шест монахињи од Имерскиот манастир „Св. Јован Претеча“ во Понт, кои со себе ги долене иконостасните икони од тамошниот храм. Со кралски указ на Павле I манастирот е прогласен за независен и станал првиот женски манастир во Егејска Македонија под грчка власт. Со текот на времето манастирот е напуштен. Неговата обнова започнала во ноември 1988 г. од игуменијата Маријам и завршила во 2004 г.[1]
Remove ads
Икони
- „Пресв. Богородица Млекопитателница“
- „Воскресение Христово“
- „Исус Христос“
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads