Волчишта (Берско)
село во Берско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Волчишта (познато како В’лчишта, Вулчишта или Волчица; грчки: Λιβάδι, Ливади; до 1953 г. Βούλτιστα, Вултиста[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, денес во општината Пидна-Колиндар на округот Пиерија, Грција. Населението брои 235 жители (2011).
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа северозападно од Колиндар, крај самиот пат што води од Либаново за Мелик и Бер, на надморска височина од 195 м.[3]
Историја
Во Отоманското Царство
Иако носи македонско (словенско) име, што е случај со повеќето села во ова подрачје, неговото население уште од порано има грчко потекло.[3]
Првпат името на селото е документирано во 1761 година во црковни документи од Бер. Кон крајот на XIX век богати Грци ја купиле земјата од Турците, која подоцна била подарена на светогорскиот манастир Григоријат.[4]
Во XIX век Волчишта било грчко село во Берската каза на Солунскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Волчица имало 42 жители, сите Грци.[5] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Вилчица имало 35 Грци.[6]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 103 жители. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 106.[3]
Во 1953 година, името на селото било променето во Ливади (Λιβάδι).
Remove ads
Стопанство
Населението произведува жито, а делумно се занимава и со сточарството.[3]
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Во 1966 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 15 квадратни километри.[3] Општината Волчишта била приклучена во општината Колиндар во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Пидна-Колиндар.
Селото припаѓа на општинската единица Колиндар со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Пидна-Колиндар, во округот Пиерија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Волчишта, во кој е единствено село.
Remove ads
Културни и природни знаменитости
Цркви
- Црква „Св. Илија“ — манастирска црква изградена во 1835 година, дело на Кулакиската школа
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
