Воѓислав Шлонски

град во Полска From Wikipedia, the free encyclopedia

Воѓислав Шлонски
Remove ads

Воѓислав Шлонски (полски: Wodzisław Śląski, германски: Loslau, латински: Vladislavia, чешки: Vladislav) — град кој се наоѓа во Полска, во Шлеското Војводство, со население од 48 731 жители според податоци од 2014 година. Воѓислав Шлонски е седиште на Воѓиславскиот регион. Градот се наоѓа во близина на границата со Чешка, на околу 290 километри јужно од Варшава и на околу 100 километри западно од Краков.

Кратки факти Воѓислав Шлонски, Земја ...
Remove ads

Географија

Градот се наоѓа во историската област Горна Шлеска во близина на границата со Чешка. Сместен е крај реката Лешница во Рачиборската котлина, која е дел од географскиот макрорегион Шилеска низина.

Клима

Климата во областа е континентално влажна. Просечната температура е 8 °C (46 °F) (просечно -1.7 °C) во јануари и до просек 17.7 °C (63.9 °F) во јули). Годишните просечни врнежи од дожд се 786 милиметри. Најголем дождлив месец е јули. Во областа се карактеристични слаби и средни ветрови од југозапад.

Административна поделба

Градот е поделен во 9 области кои имаат своја управа:

  • Једловник Ошедле
  • Једловник-Тужичка-Каркошка
  • Кокошице
  • Нове Мјасто
  • Ошедле XXX-лецја-Пјастов-Домбровки
  • Радлин II
  • Старе Мјасто
  • Вилхви
  • Завада

Население

Според податоци од Полската Централна статистичка служба, на 1 јануари 2014 година населението на градот изнесува 48.731 лица. Густината е 984 луѓе на квадратен метар.[1]

  • 1400 - 600
  • 1550 - 1.100
  • 1692 - 675
  • 1860 - 2.408
  • 1939 - 5.300
  • 1946 - 5.110
  • 1960 - 9.043
  • 1980 - 105.548
  • 1991 - 112.215
  • 1997 - 49.697
  • 2009 - 49.386

Луѓе

  • Адам Гавенда - политичар
  • Војќех Франк - политичар
  • Лешек Бланик - гимнастичар
  • Болеслав Коминек - кардинал
  • Томаш Сикора - биатлонист
  • Хуберт Грушчик - геолог
  • Мартина Клишевска - глумица
  • Пјотр Конечински - глумец
  • Кшиштоф Крул – фудбалер

Галерија

Збратимени градови

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads