Војна за шпанското наследство

From Wikipedia, the free encyclopedia

Војна за шпанското наследство
Remove ads

Војна за шпанското наследство или Војната за шпанската крунавојна која водела во периодот од 1701 до 1714 г помеѓу повеќето големи европски сили околу обединувањето на кралствата Шпанија и Франција под круната на Бурбонската династија. Од едната страна биле Франција и Шпанија предводени од Луј XIV кој сакал да ја приклучи Шпанија кон Франција, а од другата биле Светото Римско Царство, Британија, Холандија, Савоја, Прусија и Португалија, кои сметале дека сојузот на Франција и Шпанија ќе доведе до целосна доминација на Бурбоните во Европа.

Кратки факти Војна за шпанското наследство, Датум ...

Карло II од Шпанија умрел во 1700, и ги оставил сите свои поседи на внукот од својата полусестра Филип, кој така станал Филип V од Шпанија. Но, Филип бил и внук на кралот на Франција Луј XIV, што не им се допаѓало на останатите европски владетели. Покрај тоа, и наследното право на Филип V било спорно, па се појавиле и други европски династии кои полагале наследно право на Шпанската круна. Најпрво царот на Светото Римско Царство Леополд I, сметал дека има право над Шпанија, а потоа и Англија. Другите земји се приклучиле главно за да го спречат ширењето на Франција во времето на Луј XIV, или за да ги заштитат своите колонијални поседи. И самата Шпанија била поделена околу тоа кој треба да ја наследи круната, па започнала граѓанска војна.

Војната се водела главно во Шпанија и во Средна Европа, но и во Северна Америка, помеѓу англиските и шпанските колонисти и војска.

Во текот на војната загинале околу 400.000 луѓе.[4]

Војната завршила со мировните договори од Утрехт (1713) и Раштат (1714). Како резултат, Филип V останал крал на Шпанија, но бил исклучен од Бурбонската наследна лоза, така што бил спречен и трајно оневозможен личниот сојуз помеѓу двете кралства. Австријците добиле најмногу од шпанските територии во Италија и Холандија. Како последица на војната, Француската доминација во Европа завршила, и надвладеала идејата за рамнотежа на силите во меѓународниот поредок.[5]

Thumb
Карло II од Шпанија бил последниот Хабсбуршки крал на Шпанија. По неговата смрт, Војната за шпанската круна избувнала помеѓу Франција и Австрија за превласт врз Шпанија
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads