Враготурце
село во Општина Старо Нагоричане From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Враготурце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Remove ads
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Враготурце имало 55 жители, сите Македонци.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 27 жители, од кои 21 Македонец и 6 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
Враготурце е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година родови во селото се:
- Стари родови со непознато потекло: Павловци (8 к.), Танасковци (5 к.), Петровци (3 к.), Величковци (2 к.), Даринци (1 к.) и Ѓеринци (1 к.)
- Доселени: Кметовци (5 к.) потекнуваат од предокот Стојан, кој се доселил од некое село во ќустендилско, Бугарија. Он во старото место убил некој човек, па пребегнал во Враготурце, тогаш селото имало само 3-4 куќи, во турско време овој род бил многу богат, држел околу 200 овци; Мачиштанци (2 к.) порано живееле на местото викано Мачиште, и по тоа го добиле името, тоа место припаѓа на манастирот Прохор Пчински, по местото каде живееле и го добиле името; Стајинци (1 к.) доселени се однекаде, они се најмал род.[9]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads