Вратиславци

село во Општина Делчево From Wikipedia, the free encyclopedia

Вратиславциmap
Remove ads

Вратиславци (се среќава и како Братиславци) — село во Општина Делчево, во областа Осоговија, во околината на градот Делчево.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Вратиславци е сместено во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Делчево, на југоисточните огранки на Осоговските Планини, а неговиот атар на север се граничи со Бугарија. Селото е планинско и неговите маала се издигаат на надморска височина од 760-860 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 11,7 км2.[2]

Селото е од разбиен тип и се состои од повеќе маала: Балтаци, Галабовци, Илиовци, В’ците, Горно Маало и Терѕиите.

Remove ads

Историја

Во почетокот на XX век, Вратиславци било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.

Во Првата балканска војна, од селото имало еден доброволец кој бил дел од Македонско-одринските доброволни чети.[3]

Во Втората светска војна имало повеќе учесници од селото, а Никола Ивановски загинал во пробивањето на Сремскиот фронт, за што посмртно му е доделена Партизанска споменица. Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Remove ads

Стопанство

Селото има полјоделско-шумарска функција. Во неговиот атар преовладуваат шумите на површина од 633,9 ха, обработливото земјиште зафаќа површина од 305,4 ха, а на пасишта отпаѓаат 163,5 ха.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вратиславци живееле 128 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 128 Македонци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7]

На пописот од 2002 година, селото имало 32 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 45 жители, од кои 44 Македонци и 1 лицe без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Жителите на селото главно потекнуваат од следните семејства: Атанасовски, Анастасовски, Ивановски, Гоцевски, Начевски, Велиновски, Стојменовски, Стоименовски и Мијалчовски.

Remove ads

Самоуправа и политика

Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1955 година.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од општината Луковица општина во склоп на Делчевската околија.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од општината Драмче во склоп на Малешевската околија.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0600 според Државната изборна комисија.[14]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 38 гласачи.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи.[16]

Remove ads

Културни знаменитости

Археолошки наоѓалишта
  • Чука — могила од римско време

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads