Врба (филм од 2019)

македонски филм од 2019 година From Wikipedia, the free encyclopedia

Врба (филм од 2019)
Remove ads

Врбамакедонски филм од 2019 година во режија на Милчо Манчевски, кој е автор и на сценариото. Филмот е снимен во производство на „Банана филм“, продуцент на филмот е Јане Ќортошев, извршен продуцент е Ник Пауел, директор на фотографијата е Тамаш Добош, дизајнер на продукцијата е Дејвид Манс, костимите се дело на Жаклина Крстевска и Ѓерѓи Сакач, асистент на режијата е Никола Ивановиќ, а директорка на кастингот е Милка Анчевска. Главните улоги ги играат: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев, Камка Тоциновски, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Ратка Радмановиќ, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Гоце Влахов, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова итн.

Кратки факти „Врба“, Режисер ...
Remove ads

Содржина

Во филмот се раскажува за три млади мајки. Едната приказна се случува во средниот век, а другите две се современи при што трите приказни се надополнуваат. Главната тема во филмот е лојалноста и односот на поединецот кон општеството, како и односот на општеството кон поединецот.[1]

Улоги

Повеќе информации Глумец, Улога ...
Remove ads

За филмот

Снимањето на филмот почнало на 25 октомври 2018 година во мариовските села Штавица, Дуње и Зовиќ, а потоа снимањето продолжило во околината на манастирот Трескавец и во Преспа, а завршило во втората половина на декември во Скопје. Премиерата на „Врба“ била одржана на 19 октомври 2019 година на четиринаесеттото издание на Филмскиот фестивал во Рим, како прв македонски филм кој влегол во официјалната селекција на овој фестивал.[1]

Награди

  • Најдобар долгометражен филм - Независен филмски вестивал во Велингтон, 2020
  • Најдобар наративен долгометражен филм - Синеквест, 2020
  • Мануел де Оливиера - Фантаспорто, 2020
  • Најдобар режисер - Рејнденс, 2020
  • Сребрена Палма - Валенсија, 2020

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads