Камка Тоциновски

македонска глумица From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Камка Тоциновски (Скопје, 27 јуни 1979) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Кратки факти Родена, Националност ...
Remove ads

Биографија

Камка Тоциновски дипломирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, на отсекот Глумечка игра во 2001 година. Со театарот одблиску се запознала во средношколските денови во Гимназијата „Орце Николов“, преку аматерската претстава „Кралот Иби” на Алфред Жари во која ја толкува улогата на Мама Иби. Во 2000 година дебатира на сцената на „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ – Велес со претставата „Елешник“ во режија на Димитар Станковски како и на сцената на МНТ од Скопје, со „Будење на пролетта“ во режија на Златко Славенски. Добитник е на наградите „Трајко Чоревски” и „Војдан Чернодрински” за најдобра глумица на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, како и наградата „Вељко Маричиќ” на Меѓународниот фестивал во Ријека, Хрватска. Во 2013 година, таа станала член при драмата на Македонскиот народен театар.

Во потесниот круг на семејството на Камка Тоциновски има значајни имиња од филмската уметност, од НОБ на Македонија како и од Илинденското востание. Нејзината тетка Марија Тоциновски ѝ е позната на јавноста по филмовите на Жика Митровиќ - „Мис Стон”, „Капетан Леши“ и „Сигнали над градот“. Нејзината баба е спомената во книгата „Жените на Македонија во НОВ“, а дедо ѝ Милан Тоцинов е носител на Илинденска споменица.

Remove ads

Филмографија

Година Филм Улога
20001/4 ТВ-филм
2002Наше маало ТВ-серијаДевојка
2003Волци ТВ-филмАзита
2004Големата вода ТВ-филм
2005Порака ТВ-филм
2006Превртено ТВ-филмМајката
2010Вистинската приказна за Хансел и Гретел ТВ-филм
2011Панкот не е мртов ТВ-филмНина
2012Скопје ремикс ТВ-филм
2012Брат на еден ден ТВ-филм
2012Одморалиште ТВ-филм
2013Ин Апсента ТВ-филм
2013Изгубени Германци ТВ-филмМарија
2014Деца на сонцето ТВ-филмЖирафа
2014До балчак ТВ-филмДара
2016Три дена во септември ТВ-филмМарика
2017Паднати ангели ТВ-филм
2018Слаткиот терор на меморијата ТВ-филм
2018Беса ТВ-филмАна
2019Врба ТВ-филмКатерина
2020Хомо ТВ-филмКети
2020Дајте музика ТВ-серијаМајката на Иван
2020Паднати Ангели ТВ-филм
2021-2022Беса ТВ-серија
2022Нема да бидеш сама ТВ-филмЈоана
2022Преекспонирано ТВ-филм
2022Кајмак ТВ-филмЕва
2023Посета ТВ-серија
2023М ТВ-филмАна
2023-2025Тин Камп ТВ-серијаМајката на Јана
2025Мраз ТВ-филм
2025Никола, Никола ТВ-филм
2026Потстанар ТВ-филм
Remove ads

Театар

Театарски претстави во кои глуми Камка Тоциновски:

  • 2000 „Будење на пролетта" Златко Славенски
  • 2000„Тест" - Наташа Поплавска
  • 2000„Случајот Данил Хармс " Владимир Милчин
  • 2000„Елешник" - Димитар Станковски
  • 2001„Аудиција" - Владимир Милчин
  • 2001„Биле баксуз" Билјана Драгичевич
  • 2002 "Екстази" Кристијан Ристевски
  • 2002 "Синдром Чернодрински" Дејан Дамјановски
  • 2003 "Колку пати ќе умираме?" Владимир Милчин
  • 2004 "Балада за големиот костур “ Владимир Милчин
  • 2004"Другата страна" Слободан Унковски
  • 2005 "Сцени од животот" Филип Ле Моин
  • 2005 "Поручникот од Инишмор" Зоја Бузалковска
  • 2005 "Поблиску" Слободан Унковски
  • 2006 "Ревизор" Владимир Милчин
  • 2007 "Чикашки перверзии” Нела Вотошевич
  • 2008"Мара Сад" Васил Христов
  • 2008"Дундо Марое" Драгана Милошески
  • 2008"Вејка на ветрот" Нела Витошевич
  • 2009"Лет во три глави" Никола Ристов
  • 2011"Норвешка денес" Оливер Мицевски
  • 2012“Вејка на ветрот” Јани Бојаџи
  • 2014“Подемот и падот на кабарето” Владимир Милчин
  • 2014 “Електра” Андри Жолда
  • 2015 “Станица Љубов” Синиша Ефтимов
  • 2016 “Аладин Бојан Трифуновски
  • 2017 “Ничија земја “ Александар Морфов
  • 2018 “Без галама “режија Тони Михајловски
  • 2019 ” Бесачи” – Алис, режија Јавор Грдев[1]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads