Врбештица
село во Косово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Врбештица (албански: Vërbeshticë) — населено место во општината Штрпце, Урошевачкиот Округ, Косово. Според пописот од 2024 година имало 320 жители.[1] Словенското население во селото зборува торлачки и се смета за српско.
Remove ads
Население
Родови
Според истражувања од 1938 година, родови во селото се:
- Староседелци: Будурини (2 к.).
- Доселеници: Бонтини (4 к.) и Костини (4 к.), доселени се, но не знаат од каде; Борзанови (9 к.) доселени се од Долен Полог во почетокот на XIX век. Овде дошол предокот Борзан, чиј имот бил одземен од муслиманите. Го знаат следното родословие: Стаја (жив на 60 г. во 1938 година)–Станисав–Ѓорѓија–Борзан. Радуњоќи (15 к.), постари доселеници од Скопско; Орлоќеви (32 к.), потекнуваат од Гусиње во Црна Гора, од каде избегале во с. Букош во Подрима. Нивниот предок се доселил во селото кон крајот на XVIII век поради крвна одмазда. Станислављеви (19 к.) доселени се од „другата страна на Дрим“ околу средината на XVIII век; Павлеви (10 к.) и Ивкови (11 к.), доселени заедно со претходниот род како „три браќа“; Бандулиќи (3 к.), гранка на родот Станислављеви.[2]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads