Вретено (предење)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вретено[1] – вид алатка на која при рачно предење се намотува преѓата. Предењето со помош на вретено и фурка е најстарата техника на предење која за предење на волна понекаде се задржала до ден-денес.
За други значења на поимот, погл. Вретено.

Опис
Вретеното е дрвено стапче долго околу 40 см, со најголем пречник од околу 1 см кое кон краевите конусно се стеснува во два врвови.
Со вретено можат да се испредат кратки влакна од волна, лен, коноп и памук во цврста и долга нишка – преѓа.
При предењето, очистената и влачената волна најпрво се врзува на фурката, а потоа предачката ја преде така што постепено со прстите извлекува влакна од фурката и со вртење на вретеното ги усукува во континуирана нишка и ја намотува на него.
За порамномерно и побрзо вртење на вретеното, на истото се додавал прешлен кој можел да биде фиксен или да се вади.
Remove ads
Историја

Од праисторијата па сè до средниот век, предењето се вршело со користење само на две алатки, фурката и вретеното.
Најстарите докази за предењето датираат околу 5000 години п.н.е. Роданот, кој е измислен во Индија, во Европа дошол во средниот век и овозможил забрзување на процесот како и поголема рамномерност на преѓата.
Вретеното како тема во уметноста
- „Песната на вретеното“ (српски: Pjesma vretena) - песна во проза на српскиот писател Иво Андриќ од 1918 година.[2]
- „Вретено“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.[3]
Галерија
- Жена која преде. Детаљ од старогрчки сад за вино, околу 490 г.п.н.е., од Локри, Италија. Британски музеј, Лондон.
- Ева преде, вретеното е во нејзината десна рака, околу 1170 година, Библиотека на Глазговскиот универзитет
- Маж од Рамала преде волна
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads