Прешлен (предење)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Прешлен[1][2] – прстен или сферичен предмет наместен на долниот дел на вретеното за да ја зголеми и одржува брзина на вртење на истото. Со векови прешлените биле изработувани од многу различни материјали: јантар, рог, коска, корал, стакло, метал (железо, олово, оловни легури) и дрво (даб). Често за изработка се користеле и локални материјали како: креда, варовник, песочник, шкрилци и др.
За други значења на поимот, погл. Прешлен (појаснување).

Remove ads
Историја
Најстарите познати алатки за кои се смета дека се прешлени се дупнати камчиња кои датираат од пред 12 000 години и тежат во просек 9 грама, од кои околу стотина се откриени во едно натуфиско наоѓалиште во близина на селото Еин Гев, во Израел.[3][4]
Во антиката, „сфондиломантија“ била гатачка вештина што користела прешлени за вретена. Тие исто така се користеле како потпори за вотивни практики (пред да се исполни желбата) или како ex-votos.[5]
Подоцна, роданот го симнал од тронот вретеното околу 1530 година, и потоа ималку малку прешлени. Најновите датираат од околу 1930 година.[5]
Remove ads
Галерија
- Прешлен со цртежи од бронзено време
- Прешлен за вретено од американски домородци, XIX век, Бруклински музеј
- Прешлен (XII или XIII век) најден во Полска
- Старогрчки прешлени, X век п.н.е., Археолошки музеј Керамеикос
- Чибчански прешлен за вретено (500 до 1500 г.), Археолошки музеј, Согамосо, Колумбија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads