Вронду
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вронду (грчки: Βροντού)[2][3] — село во Општина Дион-Олимп во округот Пиерија, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 13 километри јужно од градот Катерина и на 21 километри северно од центарот на општината, Литохоро.
Селото се наоѓа на надморска височина од 92 метри[4].
Демографија
На пописот од 1913 година биле евидентирани 490 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 522 жители[5]
Во 1928 година селото броело 639 жители, додека во 1940 година селото броело 964 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 2116 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 2124 жители, во 1971 година имало 2130 жители, во 1981 година имало 2062 жители, додека во 1991 година имало 2314 жители.[5] Денеска, населението на селото е 2775 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Црква „Св. Троица“ од XIV век
- Вронденска Клисура
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads